Во тек е повикот на НМСМ за обуки за млади невработени лица или ангажирани во социјални претпријатија

фото: Национален младински совет на Македонија (НМСМ)

Во тек е повикот наменет за млади лица за учество на обуки кои Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги спроведува во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“.

Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи, со цел да се намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат во нивниот професионален раст и развој.

Обуките се поделени во три програми – обуки за меки вештини, обуки за претприемништво и обуки за прибирање средства и комуницирање со заедницата.

Заинтересираните кандидати за учество во обуките е потребно да се млади лица на возраст од 18 до 29 години, да се невработени или да се вработени, односно ангажирани во социјално претпријатие.

За пријавување, потребно е да се пополни формуларот достапен на овој линк, а повеќе информации може да се најдат овде. Повикот е отворен сè додека не се пополнат сите места, информираат од НМСМ.