МОН: Училиштата да ја искористат можноста за грантови за меѓуетничка интеграција

Право на учество на овој повик имаат сите училишта и градинки, во соработка со педагошките факултети и општините, кои, доколку бидат избрани, ќе добијат грант во висина од 7.000 евра

фото: Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека на 30 април истекува рокот за аплицирање на повикот на МОН и ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на земјава.

Право на учество на овој повик имаат сите училишта и градинки, во соработка со педагошките факултети и општините, кои, доколку бидат избрани, ќе добијат грант во висина од 7.000 евра за реализирање на потребните активности што ќе треба да ги реализираат во периодот јуни 2023 – мај 2024 година.

Повеќе информации, заедно со упатствата и формуларите за аплицирање се достапни на овој линк.

Целта на отворениот повик, како што велат од МОН, е зголемување на довербата, соработката и разбирањето помеѓу децата и младите од различните етнички заедници, преку почесто заедничко дружење и учење. Вкупниот буџет за имплементација на овој проект изнесува речиси половина милион евра.