fbpx

Прифатено обвинението за убиствата на Вања и на Жежовски, се очекува старт на судењето

Постапката за Љупчо Палевски е сè уште во фаза на обвинителска истрага

-

Советот за оценка на обвинителен акт го одобри обвинението против Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, кои се обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски лани во ноември. Во обвинителниот акт обвинет е и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, за кривичното дело „грабнување“.

„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопштија од Основниот кривичен суд.

Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување.

За овој случај, првоосомничен е Љупчо Палевски. Од судот информираа дека постапката за него е сè уште во фаза на обвинителска истрага.

Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, според обвинението, заедно со Палевски, испланирале грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023 година, тие, како што велат од обвинителството, го грабнале Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“, велат од Јавното обвинителство.

Пет дена подоцна, на 27.11.2023, четворицата извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје.

„Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете“, се вели во соопштението.

Четворицата, со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи ѝ се да не вика затоа што ќе пукаат. Потоа, ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда.

„Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот „Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите“, стои во обвинението.

Обвинение за тројца соизвршители на двојното убиство и за таткото на Вања Ѓорчевска

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...