Марија Јаничевска избрана за директор на Оперативно-техничката агенција

Марија Јаничевска е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција

Фото: Влада на РСМ

Со 93 гласа „ЗА“, пратениците од Собранието на РСМ денеска ја избраа Марија Јаничевска за нов директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Ангеловски.

Марија Јаничевска е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска го доби и неопходното дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.