В петок Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера, а идните студенти ќе може да се запознаат и со можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, практикантството и кариерните можности

фото: Мета.мк

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје в петок, на 10 декември, организира Отворен ден за сите матуранти и идни студенти.

Настанот ќе се одржи во периодот помеѓу 10 и 12 часот, како и од 12 до 14 часот, на секој од факултетите во рамки на универзитетот.

На Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера, а идните студенти ќе може да се запознаат и со можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, практикантството и кариерните можности.

„Ве очекуваме на 1-ви декември на Отворениот ден на УКИМ, каде што ќе се запознаеме и ќе одговориме на сите ваши прашања околу студирањето!“, велат во најавата за настанот од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UKIM (@ukim_skopje)