Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Се смета дека групата бара целосно повлекување на израелските трупи од територијата на Газа, со предлог потоа да има долга програма за обнова

-

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со посредство на Египет и Катар, е негативен, пишува Гардијан.

„Целта останува крај на оваа војна“, изјави за АФП Сухаил ал-Хинди, функционер на Хамас.

Се смета дека групата бара целосно повлекување на израелските трупи од територијата на Газа, со предлог потоа да има долга програма за обнова.

Тоа е во спротивност со наведените цели на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој сигнализираше дека Израел има намера да спроведе копнена операција во Рафах без оглед на исходот од договорот. Израел тврди дека борците на Хамас побегнале во југот на Појасот Газа.

Се верува дека нацртот на предложената програма за ослободување на заложниците е 40-дневна пауза во борбите, со тоа што најпрво би се ослободувале жените. Се претпоставува дека Хамас и други групи заплениле и киднапирале околу 250 луѓе на 7 октомври од внатрешноста на јужниот дел на Израел. Од нив, 133 лица сè уште се заробени, но се смета дека најверојатно не се сите живи.

Во телефонски разговор со агенцијата „Франс прес“ (АФП) од непозната локација, Сухаил ал-Хинди рекол дека Хамас има голем интерес да се стави крај на војната против палестинскиот народ.

„Но, тоа нема да биде по секоја цена“, изјавил тој, нагласувајќи дека групата не може под никакви околности „да го подигне белото знаме или да се предаде на условите на израелскиот непријател“.

Во средата египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ги повика сите страни да ја „покажат потребната флексибилност“ за да се постигне договор што ќе го запре крвопролевањето на Палестинците.

Министерството за здравство предводено од Хамас објави дека бројот на загинати во Газа е над 34.000.

Во посета на регионот во последните неколку дена, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Хамас е единствената пречка во обезбедување пауза во борбите и дека тие треба брзо да ја прифатат, како што тој ја нарече, „дарежливата понуда од Израел“.

ИзворThe Guardian

Мариупол не е град во Русија, туку во Украина

Објава на Фејсбук го опишува Мариупол како „град во Русија“, но според меѓународното право, тоа е град во Украина, кој е под окупација на Русија. Таа го држеше под опсада...