недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: УКИМ | 282 резултати

Истражување: Ректорите меѓу најплатените во јавниот сектор со месечни нето-плати од 3 до 4 илјади евра

јули 17, 2025

Ректорите на јавните универзитети во Северна Македонија се меѓу најплатените функционери во јавниот сектор, со месечни нето-плати кои достигнуваат и до 4.000 евра, покажа денеска истражувањето на Форумот за образовни промени. Според анализата „Платите и додатоците на јавните универзитети во Северна Македонија: Како се регулираат?“, најголем дел од овие примања доаѓаат преку функционалните додатоци, кои […]

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

јуни 10, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ваучерите од 250 евра за студентите за купување на електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година. Ваквата мерка за прв пат беше изненадно најавена во октомври минатата година. Мерката ќе ги опфати и новозапишаните студенти, откако ќе го заверaт првиот семестар. „Се дефинираат критериумите и нормално е […]

УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот

јуни 4, 2025

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2025 година, која ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), кој лани беше на 1.990-то место, годинава испадна од листата, оставајќи ја Македонија без претставник […]

На Машинскиот факултет започна TECHSIGHT: Идни инженери се подготвуваат за претприемачки предизвици

мај 30, 2025

На Машински факултет започна TECHSIGHT, настан преку која идни инженери се подготвуваат за претприемачки предизвици. Оваа меѓународна активност обединува 160 студенти од Машинскиот факултет, УКИМ, Северна Македонија и 60 студенти од Дуалната висока школа Баден-Виртемберг – Манхајм (Duale Hochschule Baden-Württemberg Mannheim), Германија, со цел да се зајакнат нивните вештини и да се подготват идните инженери […]

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

мај 23, 2025

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник – Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се обрати министерката за образование и наука, која посочи дека универзитетот и натаму треба да јакне и да се вброи на листата од 1.000 […]

Министерството за образование, УКИМ и СОЗР креираа работна група за изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

мај 6, 2025

Работна група која ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за образование и наука, владината Служба за општи и заеднички работи, Градежниот факултет и повеќе други високообразовни установи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе ги отстранува пречките за продолжување на изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, […]

Студентите на УКИМ ќе можат да работат во компании, практичната работа ќе биде дел од студиските програми

април 25, 2025

Нова соработка беше воспоставена денеска меѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Амбасадата на Швајцарија, со која им се овозможува на студентите да можат да изведуваат практична работа во компании, а истата ќе биде составен дел од студиските програми. Ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, го потпиша меморандумот за соработка со претставник на швајцарскиот проект Образование […]

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

март 28, 2025

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за образование и наука им порача да продолжат да стекнуваат знаења и вештини, како најдобар начин за остварување на нивните животни цели. Министерката се […]

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

март 26, 2025

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Савче Ѓошева. „Свесни сме дека во изминатиот период, од трагичниот настан во Кочани па наваму, неколку настани ја брануваа студентската заедница […]

Презапишување предмети на УКИМ – колку чини и кој наплаќа повеќе

март 26, 2025

Покрај партиципацијата и зголеменитe давачки за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, кои на одредени факултети достигнуваат и до 4.000 денари, студентите на некои факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) плаќаат и сума за презапишување на предмети повисока од предвидената во унифицираниот тарифник на универзитетот, воведен минатата година. Според информациите на Мета.мк добиени од […]

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

март 24, 2025

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, а новинарите беа замолени да си заминат и да не снимаат и фотографираат. Иницијативата „Независен студентски сојуз“ минатата седмица соопшти дека […]

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

март 22, 2025

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална настава. Од ФСС Економски апелираат до своите колеги да продолжат со посета на наставата за да не се изложувале на дополнителни трошоци, притоа спомнувајќи […]

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

март 16, 2025

Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од утре (понеделник) па сè до 21 март (петок) секој ден во 12 часот ќе организираат собири за да искажат сочувство за жртвите и поддршка за повредените во пожарот во Кочани. Утрешниот собир ќе се одржи на платото пред општествениот кампус на УКИМ. Тие ги […]

Ректорката Ангелова: За година и половина ќе се заокружи процесот на дигитализација на УКИМ

март 3, 2025

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) овој месец почнува со целосна дигитална трансформација, најави денес ректорката на првиот и најголем државен универзитет, Биљана Ангелова. Според неа, најпрво ќе се дигитализираат сите студентски сервиси, при што основните сервиси се очекува да бидат целосно завршени пред почетокот на учебната 2025/2026 година, а целиот процес да […]

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

февруари 27, 2025

Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, […]

Герила акција на Машинскиот факултет: Форумот за образовни промени побара отстранување на Кочо Анѓушев од работа

февруари 18, 2025

Бело платно со натпис „Како да завршиш на американската црна листа? Прашај го професорот“ вчера се најде на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) пред зградата на Машинскиот факултет. Со оваа герила акција, Форумот за образовни промени (FECH) на првиот ден од летниот семестар побара отстранување од работа на универзитетскиот професор Кочо […]

УСС УКИМ: Дополнителните трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите

јануари 30, 2025

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, студентската правобранителка и факултетските студентски собранија на УКИМ сметаат дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите. Ваквата реакција на студентските тела доаѓа по извештаите дека одредени факултети на УКИМ, меѓу кои е и Медицинскиот, од овој семестар вовеле дополнителни […]

Студентите на УКИМ да не ја плаќаат дополнителната сума од 3.500 денари – Форумот за образовни промени повика на бојкот

јануари 28, 2025

Форумот за образовни промени ја осуди одлуката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за воведување дополнителни трошоци за студентите во износ од 3.500 денари. Претходно, студентите на Медицинскиот факултет при УКИМ го изразија своето незадоволство од воведувањето на новата давачка од 3.500 денари за „материјални ресурси“, за кои тврдат дека ги немаат. „Форумот за […]

Сметките за струја – предизвик за УКИМ, се бара решение

декември 24, 2024

Високите сметки за струја се предизвик за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ова го истакнала ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на средбата со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Како што соопштија од Министерството за енергетика, ректорката Ангелова ја истакнала важноста на енергетската стабилност за редовното функционирање на универзитетот, […]

ФОП: Универзитетите да ги држат Кочо Анѓушев и Артан Груби подалеку од студентите

декември 13, 2024

Универзитетите во Северна Македонија треба да ги држат подалеку Артан Груби и Кочо Анѓушев од своите институции и да ги заштитат студентите од овие лица, исто како што би ги заштитиле од опасни криминалци. Ова е потребно бидејќи овие личности се наоѓаат на американската „црна листа“ поради извршување на сериозни криминални дела, кои можат повторно […]

Страна 1 од 14