Таг: УКИМ
таг: УКИМ
УКИМ ги усогласува давачките: Повисоки трошоци за дел од студентите со дигитализацијата
Се усогласуваат давачките што ги плаќаат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). За студентите на некои факултети ова значи зголемување на трошоците: школарината за студирање останува иста, а покачените давачки гласат на име „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, дознава Мета.мк.
Додека дел од студентите изразија противење стравувајќи од зголемениот финансиски товар, раководството на најголемиот државен универзитет...
Студентите бараат нов дизајн за зградите на ФИНКИ и ДИФ, не сакаат барок
Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ - ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).
Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската Влада за ова прашање.
Во документот,...
[Интервју] Три жени – најдобро дипломирани студенти на медицинските факултети во Македонија во 2024 година
Како извонреден доказ за посветеноста и истрајноста на младите жени во медицината, трите најдобри дипломирани на водечките медицински факултети во Македонија оваа година се жени.
Анастасија Петличковска, Аљбина Рамадани и Бојана Кацарова ја добија наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ што секоја година Лекарската комора на Македонија им ја доделува на тројцата студенти со највисок просек на трите државни медицински факултети...
(ГАЛЕРИЈА) Уписи на УКИМ: Најмногу слободни места на ПМФ и ФИНКИ, најголема гужва на Економски
Илјадници потенцијални идни студенти од утрово поминаа низ ходниците и дворовите на факултетите кои се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, за да се запишат на некоја од студиските програми што ги нуди универзитетот.
Денеска и утре трае првиот уписен рок на најстариот универзитет во земјава. Откако се пријавија електронски, идните бруцоши овие два дена треба...
Почнуваат уписите на УКИМ, слободни 9.921 место за бруцошите
Денес и утре е првиот уписен рок за новите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. На најстариот и најголем државен универзитет се предвидени вкупно 9.921 слободно место за бруцошите. Од нив, 4.761 се за редовни студенти во државна квота, додека 4.210 се предвидени за редовни студенти со кофинансирање, а 950 места за вонредни студенти.
Најмногу слободни...
(ГАЛЕРИЈА) Откриен македонскиот студентски болид што ќе оди на светски натпревар во Хрватска
Креативноста и знаењето не познаваат граници, а проследени со упорност и континуирана работа, може да доведат до фасцинантни резултати. Тимот од дваесетина студенти обединети под името MES Racing од Машинскиот факултет и ФЕИТ при УКИМ, континуирано работеа на изработка на првиот македонски болид. Успеаја во нивната цел - болидот вчеравечер официјално беше претставен пред јавноста, а студентите летово во...
На УКИМ има место за 9.921 нови студенти, објавен е конкурсот за упис
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година.
Според конкурсот, на УКИМ има 9.921 слободно место, од кои 4.761 се за редовни студенти во државна квота, 4.210 за редовни студенти со кофинансирање на студиите, а 950 места за вонредни студенти.
Најмногу слободни места и годинава има на...
Професорот Драги Димитриевски е избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ
Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет.
Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје.
Димитриевски е дел од Институтот за...
Денеска на платото пред УКИМ протестен собир „Солидарност со Палестина“
Денеска во 17 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи протестен собир наречен „Солидарност со Палестина“ во организација на нова студентска иницијатива која се нарекува „УКИМци за Палестина“.
Според нивниот пост на Инстаграм, Иницијативата бара од УКИМ да го прекине својот молк и да заземе став за „едно од најголемите злосторства во поновата...
Џафери: Не била лесна битката на браќата Кирил и Методиј
Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост, напиша во денешната честитка претседателот на Владата Талат Џафери, кој во името на Владата и во свое име го честита...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 75 години постоење
Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ годинава одбележува 75 години постоење. По тој повод вчера бил организиран свечен прием во Филхармонија, на кој присуствувале ректорката Билјана Ангелова, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, државни претставнци, професори од УКИМ и професори од други универзитети.
„Дигиталната трансформација која беше зачната на некои од врвните универзитети, ги трансформира сите универзитети, па и нашите“,...
„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ утре во 20 часот на платото на УКИМ
„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева и „Ретро кабаре“, се бендовите кои утре ќе настапат на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 20 часот. Платото ќе се трансформира во музичка сцена, а во организација на Јуроп хаус. Настанот е именуван како „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“.
„Оваа музичка вечер ќе понуди незаборавно патување...
Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ
Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се изгради на кампусот. Седум години подоцна, изградената сала не е пуштена во употреба, нема сопственик, a за нејзината изградба од Агенцијата за млади и спорт (АМС) тврдат дека се потрошени...
Дигитално земјоделство – нова студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна
Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата, соопштија од таму, има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Машинскиот факултет, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во...
УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето, универзитетите и колеџите ги оценува според четири фактори: образование, можност за вработување, настава...
УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на Стефановски – 27 април.
Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде Стефановски предаваше долги години, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија....
Почнува „Студентска уметничка пролет“ – студентите ќе имаат можност да посетат изложби, концерти, претстави и предавања
Од денеска почнуваат настаните на „Студентска Уметничка Пролет“ што ги организира Europe House Скопје во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Серијата настани ќе траат до 26 април, а се посветени на збогатувањето на културно-уметничката понуда на кампусот, како и промовирањето на интердисциплинарниот пристап кон знаењето меѓу студентите.
„Целта на овие настани е да се обединат и поврзат...
Денови на поезијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Соживотот може да биде и поезија, е една од пораките што одекнаа од вечерта на современа македонска поезија „Лицето на зборовите“, што Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, ја одржа во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“.
Како што информираат од фалкултетот, заедно со македонски поети и со доајенот на македонскиот театар, Благој Чоревски, студенти што студираат македонистика, пренеле антологиски...
ФИНКИ денеска протестира за просторните проблеми, БРО не ги отстапува бараките
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот.
Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет...
Најбројниот факултет во државата утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет.
Целта...