fbpx

Полицијата и во текот на ноќта ќе трага по исчезнатото 14-годишно девојче

Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста сè до пронаоѓање на малолетничката, велат од полицијата

-

Министерството за внатешни работи сè уште трага по 14-годишното девојче, ученичка во деветто одделенио во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, кое утринава околу 7 часот изутрина тргнало на училиште, а потоа му се губи трагата.

„МВР ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната“, соопштува полицијата.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава, велат од МВР, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери итн.

„Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста сè до пронаоѓање на малолетничката“, велат од министерството.

За исчезнувањето на девојчето утринава на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања.

„Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816“, стои во објавата на мајката.

Мајката за медиумите информираше дека телефонот на нејзината ќерка бил исклучен веднаш откако таа се упатила кон училиштето „Песталоци“. Потоа, класниот раководител ја информирал дека девојчето не е дојдено на настава, а од нејзиниот дом до училиштето имало само 7 минути пешки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...