Пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска

Во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, а Вања е земена со неговото возило „цитроен“ кое е подоцна опожарено

-

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, соопштија МВР и обвинителството.

Воедно, во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, а работел како бербер во градот.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Претходно, во скопско Бразда беше пронајден автомобилот на Панче Жежовски, 74-годишен фризер од Велес, а возилото било целосно опожарено.

Возилото „цитроен“ со кое била земена Вања / Фото: Оглас од реклама 5

Неговото исчезнување било пријавено во полиција минатиот петок, а неговата ќерка Македонка за ,,Фокус” изјави дека татко и немал здравствени проблеми и сите биле загрижени бидејќи никогаш не се случило да не знаат каде е.

По извршените вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на петте лица, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, утврдено е дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, се вели во соопштението.

Извршени биле претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеле исклучиво на овие случаи.

„Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации. Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка“, стои во соопштението и се додава дека наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Вања исчезна во понеделникот, на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“. Мајката Зорица Ѓорчевска, на 27 ноември попладнето, на својот профил на Фејсбук објави дека нејзината ќерка излегла за на училиште, по што ѝ се губи секаква трага. Опиша дека девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка јакна и „најк“ патики.

Вчера беа приведени пет лица поврзани со случајот на исчезнувањето на девојчето.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...