fbpx

Двете убиства во Македонија го потресоа регионот – странските медиуми објавуваат детали

Странските медиуми тековно известуваат за новости во врска со случајот, а регионот бара сторителите соодветно да се казнат.

-

Убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски не ја потресоа само Македонија, туку и целиот Балкан. Странските медиуми тековно известуваат за новости во врска со случајот, а регионот бара сторителите соодветно да се казнат.

Српските медиуми објавуваат за бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски во Белргад а потоа и наводно во Бугарија. Весникот Данас ја пренесува изјавата на адвокатот на пребеганиот, според кој Палевски барал да го одвезе до Белград за лекарски преглед. Според македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, му се следи трагата на Палевски, кој по бегството во Белград, следниот ден заминал за Бугарија, а се најавува и дека ќе биде распишана и меѓународна потерница.

Хрватскиот портал Индекс, потенцира дека додека во државата неуморно се трагаше по исчезнатата Вања, одговорниот за злоделото јавно објавувал политички тематики на социјалната мрежа Фејсбук.

Низ Бугарија, а и Босна и Херцеговина исто така се известува за случајот. Даваат и објаснување за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски.

Странските медиуми за информации се повикуваат на прес-конференцијата одржана утрово во врска со случајот, и на македонските медиуми.

Ова се случува откако вчера беа пронајдени телата на двете жртви. За организатор и извршител на двете убиства се смета Љупчо Палевски.

Ученичката од 9 одделение, Вања, според изјавите на министерот Спасовски, била грабната во влезот од зградата каде што живее, околу 7.30 часот изутрина на 27 ноември, односно минатиот понеделник.

Таа е земена со возило „Цитроен“, во сопственост на тогаш починатиот Панче Жежовски. Возилото било опожарено истиот ден, близу селото Бразда, а Вања била убиена само 2,5 часа по грабнувањето.

Во истражниот затвор во Шутка во моментов се уште три осомничени лица, В. К., В. М. и Б. В. Според информациите на прес-конференцијата, тројцата ги признале сите детали за она што се случувало во последниве две недели, а по еден од нив бил и сведок на убиствата.

Таткото на 14-годишната Вања, Александар, е петтоосомничен, но засега за него нема доволно докази за тоа во која мера бил вмешан во целиот случај, во однос на убиството на неговата ќерка. Од она што го кажале осомничените, тој им давал информации на останатите за тоа каде и кога излегува неговата ќерка за на училиште.

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

 

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...