fbpx

МВР: Против Палевски биле поднесени серија кривични и прекршочни пријави од 2000 година наваму

Меѓу другото, во 2020 година против Палевски е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи

-

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека против Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во минатото се поднесени најмалку пет кривични и неколку прекршочни пријави.

„Ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник“, соопшти полицијата.

Оттаму додаваат дека во 2020 година против Палевски е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

„Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување“, соопшти МВР.

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...