Доделени свидетелства на 97 Роми од програмата за дооформување на основно образование

За овие луѓе е предвидена и поддршка во процесот до нивното прво вработување, информираат од Ромалитико

-

Институтот „Ромалитико“ вчера додели 97 свидетелства на Роми вклучени во програма за дооформување на основно образование. Оваа активност се спроведе во соработка со Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ – Штип.

Учесници во програмата за дооформување на основно образование биле Роми од 13 општини: Радовиш, Прилеп , Шуто Оризари, Кичево, Кочани, Берово, Штип, Виница, Велес, Куманово, Струмица, Чаир, Тетово, а за нив е предвидена и поддршка во процесот до нивното прво вработување, информираат од Ромалитико.

На вчерашниот настан биле презентирани и резултатите на неколку мали акциски грантови и голем акциски грант, сите поврзани со правата на ромската заедница. Па така, здружението „Баирска светлина“ овозможило 100 млади од ромската заедница да се запознаат со штетноста од користењето на наркотични дроги и психотропни супстанции. Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ вклучило 30 семејства во психосоцијален ризик во програма за бесплатно советување, психотерапија и психосоцијална поддршка.

Било спроведено и истражување од страна на Иницијатива на жени од Шуто Оризари за пристапот до правата на Ромите повратници на територија на општина Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Чаир и Кисела Вода. Коалицијата „Сите за правично судење“, пак, во периодот од ноември 2022 до јуни годинава, дала бесплатна правна помош на 174 граѓани од ромската заедница, најчесто во делот на легализација и упис во матичната книга на родените.

Сите овие проекти се реализирани во рамки на проектот на УСАИД за инклузија на Ромите.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...