fbpx

Средба Ковачевски-Рама: Мора силна посветеност за полноправно членство во ЕУ до 2030 година

Премиерите се согласиле дека евроинтегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања, со цел земјите да станат полноправни ЕУ членки до 2030 година

-

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во земјава го пречека неговиот албански колега Еди Рама, а во фокус на разговорите беа перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои се членки на НАТО.

Премиерите Ковачевски и Рама, како што стои во владиното соопштение, се согласиле дека евроинтегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања, со цел земјите да станат полноправни ЕУ членки до 2030 година.

По тет-а-тет средбата, премиерите на двете земји одржале билатерална средба заедно со владините делегации.

Фото: Влада на РСМ

На средбата, во состав на македонската делегација биле првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за правда Кренар Лога, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во состав на албанската делегација присуствувале Нико Пелеши, министер за одбрана, Мајлинда Дука, државен министер и главен преговарач на Република Албанија, како и заменик-генералната секретарка во Владата, Елира Кокона.

На билатералната средба било констатирано дека на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Албанија и Северна Македонија им претстои сериозна работа, затоа што дојде време кога ќе треба да се испорачаат суштински постигнувања во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на економиите и на регионот во целина, што ќе доведе до забрзан регионален економски раст и развој.

„Во таа насока токму преку Берлинскиот процес целта е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.На билатералната средба беше констатирано дека е јасен ставот дека ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, беше констатирано дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, но е процес кој ќе обезбеди побрза интеграција на земјите од регионот“, се вели во владиното соопштение.

Од аспект на соработката на двете земји, било истакнато дека денешната посета е уште една потврда за добрата билатерална соработка меѓу двете земји, која се случува осум месеци по меѓувладината седница на владите на Северна Македонија и на Албанија.

Во владиното соопштение стои дека трендот на раст на трговската размена со Албанија има тенденција за раст. Во 2022 година извозот од Северна Македонија кон Албанија изнесувал над 102 милиони евра, што е раст од 7 отсто во однос на 2021 година и раст од 40 отсто во однос на 2019 година.

Потенцирано е дека двете земји, како НАТО сојузници, цврсто се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот во меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на состојбите на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност на регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...