fbpx

Контраспин: Позитивните исчекори најмногу зависат од домашната политичка волја – тогаш и ЕУ ќе помогне

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во првиот тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажа глорификација на Европската унија и членството во ЕУ, како „единствена шанса за позитивни промени“, што е извртување на вистината, т.е. спин

-

Извртувањето на вистината е во делот за тоа што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. Се разбира, овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во членство со други сојузи, БРИКС, на пример или нешто трето, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Во дебатна емисија на телевизија, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски искажа став околу прогресот во земјата, при што може да се детектира спин:

Спин: ЕУ и членството во ЕУ е единствената шанса за позитивни промени во нашата држава. Тоа го знаат сите граѓани. За правење исчекор напред кон членството во ЕУ и успешното зачленување во НАТО е потребна храброст и одлучност. Тоа го направивме ние благодарение на нашата храброст и лидерство

[Извор: СДСМ – Д. Ковачевски; датум: 03.04.2024]

Контраспин: Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во првиот тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажа глорификација на Европската унија и членството во ЕУ, како „единствена шанса за позитивни промени“, што е извртување на вистината, т.е. спин.

Се разбира овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во членство со други сојузи, БРИКС, на пример или нешто трето. Извртувањето на вистината е во делот што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА.

Тоа може да се потврди со многу едноставен експермиент – пребарување на Гугл по параметрите „недостаток“ или „недостиг од политичка волја“.

Од првиот пример што излегува – анализа на дебатна емисија на 24 Вести, до посериозни анализи на невладините организации, па конечно и во извештаите на Европската комисија, секаде може да се сретне таквиот заклучок.

Впрочем и анализите на „Метаморофозис“ во делот на реформите во правосудството, реформите во администрацијата или реформите во медиумскиот сектор, секогаш утврдиле дека политичката волја е клучна за спроведување на реформите.

Вклучувајќи ја реформата и во сегментот со борбата со организираниот криминал и корупција, која беше ветувана под слоганот од Шарената револуција, „Нема правда, нема мир“, а која и според признанието на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски била напуштена на половина пат.

Оттука, глорификацијата дека единствена шанса за позитивен исчекор е ЕУ (се мисли и на членството и на евроинтеграцискиот процес) е спин и тој се должи на едно од порано искажано тврдење на претходниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека без „камшикарот од ЕУ“ Македонија не може да направи реформи.

Пишува: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...