Концерт за виолина и пијано со виртуозни изведувачи од Грција на фестивалот Скопско лето 2023

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023 утре во 20:30 часот во фоајето на Националната опера и балет, ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке

-

Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023 утре во 20:30 часот во фоајето на Националната опера и балет, ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори.

Обожавателите на класичната музика ќе имаат можност за првпат во Скопје да ги проследат делата „Шепот на ветрот“ од Димитрис Терзакис, „Мала суита од популарни грчки мелодии од Додеканезите“ од Јанис Констадинидис и сонатите за виолина и пијано од Борис Папандопуло и францускиот композитор Сезар Франк, во изведба на двајцата виртуози на пијано и виолина.

Гостувањето на уметниците од Грција е во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје во соработка со Фестивалот Скопско лето 2023.

Пијанистот Уве Матшке (Uwe Matschke) е роден во Германија, а студирал на музичката школа „Франц Лист“ во Вајмар и на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта. Од 1987 година живее и работи во Грција, каде што е професор по пијано на Катедрата за музичка наука и уметност на Универзитетот во Солун, а член е и на солунскиот Државниот симфониски оркестар. Има одржано многубројни солистички концерти во Москва, Минхен, Хамбург, Порто, Лајпциг и Дрезден, а настапувал со симфониски оркестри од многу европски земји и со познати во светот камерни оркестри.

Виолинистката Данае Папаматеу-Матшке (Danae Papamattheou Matschke) е една од најперспективните грчки виолинистки од помладата генерација. Родена е во Атина, а студирала на Универзитетот Моцартеум во Салцбург и на Универзитетот во Хамбург. Има одржано рецитали во Германија, Кина, САД, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Шведска, Естонија, Финска, Кипар, Велика Британија, а има бројни настапи со симфониски и камерни оркестри од Грција и Германија. Носител е на први награди и специјални признанија за најдобра интерпретација на разни државни и меѓународни натпревари.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...