Инклузијата на Ромите во зелените и дигитални иновативни технологии, во фокус на РЕДИ самитот

И покрај историската маргинализација и дискриминација, ромските претприемачи покажаа издржливост и генијалност во искористување на можностите што ги нудат овие трансформативни движења, играјќи клучна улога во поттикнување на одржливиот развој, велат од РЕДИ

-

Инклузијата на Ромите во зелените и дигиталните иновации и еднаквоста при управување со животната средина беа темите во фокус на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во хотел Мериот во Скопје.

Самитот претставува платформа за суштински дискусии и размена на знаења за потенцијалните предности и предизвици со кои се соочуваат ромските претприемачи во прифаќање на зелената и дигиталната револуција. Панелистите се осврнаа на клучни прашања, давајќи увид во клучните приоритети, цели и стратегии за промовирање на инклузивен раст, дигитално зајакнување и еднаквост во управување со животната средина за ромските заедници на Западен Балкан.

И покрај историската маргинализација и дискриминација, ромските претприемачи покажаа издржливост и генијалност во искористување на можностите што ги нудат овие трансформативни движења, играјќи клучна улога во поттикнување на одржливиот развој, велат од РЕДИ.

Извршниот директор на мрежата РЕДИ, Петрик Дулгеру, во својот говор се осврна на досегашните резултати на мрежата, како што се мапирање на преку 3.500 ромски бизниси, помош на преку илјада ромски претприемачи и вложување на 4 милиони евра во РЕДИ Фондот за микрофинансирање на ромски бизниси.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја нагласи важноста од користење на технологијата и иновациите за да се создадат можности за сите. Ја спомена Националната развојна стратегија 2024-2044 година, за која рече дека преку инклузивен процес „успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии“.

„Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето“, изјави Битиќи.

Според Жељко Јовановиќ, извршен директор на Фондацијата Роми за Европа, ромската популација дава придонес за регионот и пошироко.

„Наместо да се гледа на Ромите како на социјален случај, треба да се гледа како на млада работна сила вредна за инвестиција во областа на образованието, вработувањето и претприемништвото. Нивното исклучување од пазарот на трудот и формалната економија резултира со значителни општествени загуби и од финансиска смисла која има влијание врз пензиите, здравствената заштита и трошоците за образование“, порача Јовановиќ.

На Самитот присуствуваа околу 150 учесници од земјава и регионот кои дискутираа за иновативни стратегии, политики и партнерства насочени кон зајакнување на регионот на Западен Балкан во искористување на дигитализацијата и создавање нови работни места. Беше опфатено и прифаќањето на одржливите практики преку иницијативи за зелена и соларна енергија, беа истражени начини за обезбедување правичен пристап до финансиски ресурси и можности за маргинализираните заедници.

Како дополнување на панелите, беа организирани и разговори со ромските претприемачи кои учествуваа во некои од мерките и иницијативите на РЕДИ, за време на кои беа споделени инспиративни приказни, прикажувајќи го опипливото влијание на програмите на РЕДИ насочени кон поттикнување на претприемништвото и економското зајакнување во ромските заедници.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...