Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родени

Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност, со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека спротивно на уставот за слободно изразување

Фото: Министерство за правда

Уставниот суд донесе одлука со која официјално се укинува графата „националност” во Законот за матичната евиденција. Претходно, кон крајот на минатата година, судот со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“. Со денешната одлука, целосно се укинува оваа графа во изводите.

Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Уставниот суд на 20 декември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција, бидејќи се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност, со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека спротивно на уставот за слободно изразување.