Уставен суд и Правниот факултет ќе соработуваат со заеднички проекти

Потпишувањето на овој меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, кој при преземањето на функцијата најави дека ќе се насочи кон тоа, да ја зголеми  соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката, се вели во соопштението на Уставен суд

-

Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Уставниот суд во Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, за да ја зголемат активноста и вклученоста на професорите во делот на уставното право, организирање на програми и проекти. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски.

„Потпишувањето на овој меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, кој при преземањето на функцијата најави дека ќе се насочи кон тоа, да ја зголеми соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Пред потпишувањето на Меморандумот се одржала работна средба минатата недела во Уставниот суд, на која се дискутирало за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции.

Со овој чекор се очекува поголема присутност на професори особено во областа на уставното право во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот, како и воспоставување на програми и проекти, работилници и конференции на кои ќе се разменуваат ставови и мислења на важни теми од значење за уставното судство. Се очекува ваквиот договор да донесе бенефит и за двете потписнички страни.

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро...

СДСМ обвинува за притисоци врз нивните градоначалници пред изборите

СДСМ обвини дека институциите под контрола на актуелната власт вршат координиран притисок врз нивните градоначалници непосредно пред локалните избори. Во соопштение до јавноста, партијата истакнува дека сите можни инспекции, сектори под...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот...