fbpx

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва

Се очекува погребот да биде предмет на силно полициско обезбедување, а Навалнаја кажа дека не е сигурна дали збогувањето со нејзиниот сопруг ќе помине мирно или со апсења

-

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва, потврди неговата портпаролка, а пренесува Би-Би-Си.

Погребот ќе се одржи на гробиштата Борисовское, по прошталната богослужба во московската црква.

Неговата портпаролка Кира Јармиш вчера рече дека тимот се мачел да најде место за одржување на церемонијата – некои погребни домови тврделе дека се целосно резервирани, додека други одбиле кога дознале за кого е настанот.

„На едно место ни рекоа дека на погребните агенции им е забрането да работат со нас“, напиша Јармиш на социјалните мрежи.

Во денешниот говор, вдовицата Јулија Навалнаја рече дека не знае дали погребот ќе биде мирен и дали полицијата ќе ги уапси оние што ќе дојдат да се поздрават со Навални, јавува Гардијан.

Обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур, Навалнаја ја осуди руската „брутална и подмолна“ војна во Украина и рече дека стратегијата на Западот за Русија не функционира.

„Не можете да му наштетите на Путин со друга резолуција или друга група санкции што не се разликуваат од претходните“, кажа таа.

Навалнаја ги повика европските лидери да се борат против „криминалната банда“ и да ги истражат финансиските текови на Запад поврзани со Путин и неговите сојузници.

„Путин е водач на организирана криминална банда. Ова ги вклучува трујачите и атентаторите, но тие се само марионети. Најважни се луѓето блиски до Путин – неговите пријатели, соработници и чувари на мафијашки пари“, изјави Навалнаја.

Алексеј Навални ненадејно почина во затвор на Арктикот претходно месецов. Со години беше највисокиот критичар на Владимир Путин. Јулија Навалнаја и многу светски лидери го обвинија рускиот претседател за смртта на неговиот критичар.

Малку детали се објавени за причината за неговата смрт, а руските власти првично одбија да го предадат телото на Навални на неговата мајка Људмила. Властите попуштија осум дена по неговата смрт, кога телото на Навални конечно беше предадено.

По смртта на Навални на 16 февруари, околу 400 лица беа уапсени ширум Русија откако положија цвеќе за него, според групата за човекови права ОВО-Инфо.

Неговиот погреб во петок се очекува да биде предмет на силно полициско обезбедување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...