понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Алексеј Навални | 49 резултати

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

март 19, 2024

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Правната основа за мерките е сериозно кршење на човековите права. Според извештајот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот во Брисел се договориле […]

Путин: Навални требаше да биде ослободен во размена на затвореници договорена со Западот

март 18, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов. „Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални. Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед […]

Сојузникот на Навални, Леонид Волков вети дека ќе ја продолжи борбата против Путин откако беше нападнат со чекан

март 13, 2024

Леонид Волков, долгогодишен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи борбата против рускиот претседател Владимир Путин, откако беше нападнат со чекан пред неговиот дом во Литванија, пренесува Гардијан. „Ќе работиме и нема да се откажеме“, рече тој во видео објавенo на Телеграм денес, тврдејќи дека нападот што го остави […]

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

март 3, 2024

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е […]

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

март 1, 2024

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на Владимир Путин. На видеата кои се емитуваа во живо од гробиштата Борисовски, мајката на Навални, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над неговиот отворен ковчег за […]

Смртта на Навални ги засени дезинформациите од Москва за воениот поход во Украина

март 1, 2024

Иако во февруари се одбележуваат две години страдање од руската агресија на Украина, илјадници загинати и безмерно уривање на сè што е важно за Украина и за Украинците, дезинформациите од Москва за овој нејзин воен поход и натаму упорно се пласираат во светот. Тие беа поттикнати лично од Путин во интервјуто со американскиот новинар Такер […]

Погребот на Навални во тензична атмосфера и под силно полициско обезбедување

март 1, 2024

Стотици луѓе се собрани зад металните полициски бариери кои го блокираат влезот во црквата каде што треба да се одржи богослужбата во Москва на опозицискиот лидер Алексеј Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, пред неговиот погреб, пренесуваат светските медиуми. Со големо полициско присуство, групите за човекови права ги предупредија ожалостените дека се можни апсења […]

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва

февруари 28, 2024

Алексеј Навални ќе биде погребан в петок во Москва, потврди неговата портпаролка, а пренесува Би-Би-Си. Погребот ќе се одржи на гробиштата Борисовское, по прошталната богослужба во московската црква. Неговата портпаролка Кира Јармиш вчера рече дека тимот се мачел да најде место за одржување на церемонијата – некои погребни домови тврделе дека се целосно резервирани, додека […]

Шолц: Навални беше убиен од режимот на Путин

февруари 27, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, пренесе германската агенција ДПА. „Јас, како и сите други, претпоставувам дека тој е убиен од режимот“, рекол Шолц на состанокот на главните уредници во агенцијата ДПА. Тој додаде дека Русија е диктатура и дека смртта на Навални е […]

Телото на Навални е предадено на неговата мајка

февруари 24, 2024

Телото на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка, a пренесоа светските медиуми. Во објава на социјалната мрежа Х, Кира Јармиш им се заблагодари на сите што побараа од властите да ги предадат неговите останки. „Погребот допрво треба да се одржи“, напиша таа. На мајката на Навални, Људмила, наводно […]

Фотографијата од Навални со нацистичкиот поздрав и тетоважа на Хитлер е лажна

февруари 22, 2024

Фотографијата на којашто е прикажан Навални со тетоважа на Хитлер на градите и со крената рака во нацистички поздрав, е фабрикувана. Се работи за фотомонтажа, модифицирана од оригинална фотографија од 2013 година објавена во напис на веб-страницата Oxu.az, којшто говори за огорченоста на дел од руското население кон мигрантите. Тврдењата дека Путин се борел против […]

Ирска изрази гнев поради смртта на Навални

февруари 21, 2024

Министерството за надворешни работи на Ирска го повикало рускиот амбасадор во Даблин за да „изрази гнев“ поради смртта на познатиот руски дисидент Алексеј Навални во затвор, јави ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ. Ирското МНР на Твитер објави оти на амбасадорот Јури Филатов му повторило дека „конечната одговорност“ за смртта на Навални „лежи кај руското раководство“. […]

Телото на Навални ќе биде задржано две недели на хемиска анализа, ЕУ бара меѓународна истрага

февруари 20, 2024

Телото на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, нема да биде вратено на фамилијата во наредните 2 недели, пренесе Би-Би-Си. Наводно, телото ќе биде задржано за хемиска анализа, а од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото. Во видео од понеделникот, Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј, директно го […]

Вдовицата на Навални најави дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг за „слободна Русија“

февруари 19, 2024

Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални, во видео објавено денеска рече дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот покоен сопруг, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека го убил. „Требаше да има друга личност на моето место, но таа личност беше убиена од Владимир Путин“, вели Навалнаја. Нејзиното драматично обраќање започнува со зборот „Здраво“, на […]

Мајката и адвокатите на Навални спречени да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард

февруари 19, 2024

На мајката на Алексеј Навални и неговите адвокати не им било дозволено да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард во близина на затворската колонија каде властите соопштија дека тој починал, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, а пренесува Гардијан. „Еден од адвокатите беше буквално истуркан“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека персоналот […]

Протест пред руската амбасада во Берлин по смртта на Навални

февруари 19, 2024

Околу 250 демонстранти се собраа во неделата во близина на руската амбасада во Берлин за да протестираат поради смртта на затворениот дисидент Алексеј Навални, објави полицијата во германската престолнина. Како што објави германската агенција ДПА, организаторите пријавиле протест на 450 луѓе. Непосредно пред протестот повикан за рано попладне, протестната група Пуси Рајот најави свои демонстрации. […]

Смртта на Навални ја потврди портпаролката на опозицискиот лидер

февруари 17, 2024

Портпаролката на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е мртов, повикувајќи се на официјалното известување врачено на мајката на Навални, Људмила Навалнаја. Изјавата доаѓа откако Навалнаја беше пријавена дека патува во затворот заедно со адвокатот на нејзиниот син во саботата. Пишувајќи на X (поранешен Твитер), портпаролката Кира Јармиш побара телото на Навални веднаш да […]

Отстранети цветните почести за Навални во Русија, полицијата приведува

февруари 17, 2024

Цветните почести на Алексеј Навални, најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин, кој почина во петокот во руска казнена колонија, беа отстранети во текот на ноќта од групи неидентификувани луѓе додека полицијата гледаше, покажуваат видеата на руските социјални мрежи, објави агенцијата Асошиејтед прес. Повеќе од 100 луѓе беа приведени во осум градови низ Русија, откако дојдоа […]

Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

февруари 16, 2024

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува […]

Путин со „новогодишна честитка” до Навални: го испрати во затвор на Арктикот

декември 25, 2023

Две недели откако блиските лица изгубија секаков контакт со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, стигна информација дека режимот на Владимир Путин го испратил Навални во казнена колонија во арктичкиот регион во најсеверните делови од Русија, пишува Си-ен-ен. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш преку твит на социјалната мрежа „Х“ информираше дека Навални се наоѓа во казнената […]

Страна 1 од 3