fbpx

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

Жените биле на возраст меѓу 32 и 49 години и биле застрелани или избодени до смрт. Тројца од напаѓачите си ги одзеле животите, двајца биле уапсени, а еден бил ранет додека бил приведен па починал

-

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија.

„Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица.

„Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи или партнери од кои биле разделени“, велат од телевизијата и ги наведоа имињата на жртвите со нивните фотографии на веб-страницата.

Жените биле на возраст меѓу 32 и 49 години и биле застрелани или избодени до смрт. Тројца од напаѓачите си ги одзеле животите, двајца биле уапсени, а еден бил ранет додека бил приведен па починал. Судбината на седмиот, кој избегал од затвор за да ја убие сопругата, останува нејасна.

Во 2023 година, невладината организација за правата на жените „Ќе го запреме фемицидот“ регистрира 315 убиства на жени, од кои 65 отсто биле убиени во нивните домови.

Турција во 2021 година се повлече од Истанбулската конвенција, проект на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, која бара од властите да го истражат и казнат насилството врз жените.

„За 15 години, единствената година кога се намали бројот на фемициди беше 2011 година, годината кога беше усвоена Истанбулската конвенција“, велат од невладината организација.

Во 2022 година врз „Ќе го запреме фемицидот“ беше поднесена тужба од обвинител од Истанбул за „неморални активности“, но беше отфрлена минатиот септември.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...