четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: фемицид | 28 резултати

Предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 полицајци од Велес за случајот со Росица Коцева

септември 26, 2025

Министерството за внатрешни работи поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР Велес по наоди од внатрешна контрола за непостапување целосно согласно законските обврски и процедури по претходните пријави на жртвата Росица Коцева. Контролата покажала дека во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, а против пријавениот била поднесена кривична […]

Росица Коцева со месеци барала заштита, институциите ја оставија сама пред убиецот

септември 25, 2025

И покрај повеќемесечните пријави за насилство и барања за заштита, 31-годишната Росица Коцева од Велес не добила доволна институционална заштита и на крајот беше свирепо убиена заедно со својот татко, а сторителот, нејзиниот поранешен партнер Илија С., потоа се самоуби. Во периодот пред убиството биле водени повеќе постапки, донесени судски одлуки и изречени мерки на […]

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада пред паркот „Жена Борец“

септември 25, 2025

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на блокадата која ќе се одржи денеска од 18 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје. Целта, како што велат организаторите, е да се зборува гласно и солидарно за еднаквост и живот без насилство. „Движењето е резултат на нашиот гнев – […]

„Ниту една повеќе“ утре повикува на блокада кај паркот „Жена борец“ во Скопје

септември 24, 2025

По протестот одржан минатата недела, движењето „Ниту една повеќе“ најави нова блокада овој четврток (25 септември) на раскрсницата кај „Жена Парк Борец“, со почеток во 18 часот. „Преку размена во јавен простор да го канализираме нашиот колективен гнев и заедно да дискутираме за решенија наспроти институциите кои ги загрозуваат нашите улици“, порачаа организаторите на социјалните […]

Солидарност со протестот „Ниту една повеќе“ преку фотоактивизам

септември 19, 2025

Во знак на солидарност со протестот „Ниту една повеќе“ заради последниот фемицид во кој жртва беше Росица Коцева од Велес, која заедно со својот татко настрада од раката на поранешниот партнер, фотографот Ванчо Џамбаски објави фотогалерија со 337 фотографии од протестот „Ниту една повеќе!“ кои се слободни за преземање и реобјавување. Протестот започна на 18 септември […]

Под мотото „Ниту една повеќе“, утре протест поради фемицидот во Велес

септември 17, 2025

Повеќе граѓански организации ќе организираат протест заради последниот фемицид во кој жртва беше Росица Коцева од Велес, која заедно со својот татко настрада од раката на поранешниот партнер. Протестот, кој е најавен под мотото „Ниту една повеќе“ ќе започне пред Министерството за внатрешни работи во 17,30 часот и ќе продолжи со блокада пред паркот Жена […]

Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца

ноември 6, 2024

Во Дортмунд, Германија, 30-годишна жена била убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин. Tој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца, соопштуваат германските медиуми. По нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја повикале […]

29-годишна жена вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор

ноември 2, 2024

Вчеравечер 29-годишна жена од Штип била убиена од страна на од нејзиниот сопруг, повратник од затвор. „Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, известуваат од МВР. Во брак биле […]

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

април 18, 2024

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Обвинетиот признал вина. Маладеновска беше до смрт избодена пред нејзиниот дом. Медицинската екипа што беше […]

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

февруари 28, 2024

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија. „Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица. „Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи или партнери од кои биле разделени“, велат од телевизијата […]

Четири жени и девојче убиени во петокот во Виена

февруари 25, 2024

Четири жени и една тинејџерка биле убиени во Виена во петокот, соопшти Би-би-си. Телата на три жени, за кои се верува дека се кинески државјани, биле пронајдени во зграда во централниот кварт Бригитенау откако сведок повикал брза помош. Тие биле прободени од маж во петокот во бордел, а осомничениот е уапсен. Осомничениот, кој полицијата го […]

Платформа за родова еднаквост: Убиството во Кочани е фемицид, бараме преквалификување на делото

септември 29, 2023

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше изборена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, кочанското јавно обвинителство го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Од Платформата за родова еднаквост реагираат дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно […]

Три фемициди за еден месец, се бара одговорност за службените лица и најстроги казни за сторителите

септември 27, 2023

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објави остра осуда упатена до институциите затоа што не ги презеле сите соодветни дејства и со нивното нереагирање придонеле да се случат три свирепи фемициди – убиства на жени, во период од само еден месец во Куманово и во Кочани. „Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции […]

Платформа за родова еднаквост: Уште еден фемицид поради непостапување на институциите

септември 26, 2023

Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност, реагираат од Платформата за родова еднаквост. Реакцијата следува по бруталниот настан вчера, кога 59-годишниот У.Р., рано […]

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

септември 25, 2023

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ […]

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани

август 12, 2023

Емир Џиновиќ, младиот сопственик на теретана во босанското гратче Градачац, за кого работел убиецот Нермин Сулејмановиќ (35), по објавата на Инстаграм дошол на местото на злосторот и го зел бебето на Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот. Сега спасителот на бебето добива закани по живот, пишува босанскиот весник „Ослобоѓење“. Џиновиќ нема објаснување зошто дошло до […]

Квалификацијата на фемицидот во Неготино не ја отсликува суштината на најтешка форма на родово базирано насилство

ноември 1, 2022

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. „Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по […]

Европската Комисија со низа критики за Северна Македонија во областа на половата еднаквост

октомври 17, 2022

Северна Македонија има уште многу работа во насока на унапредување на половата еднаквост, ова е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Извештајот ги истакнува недостатоците, односно каде земјата треба да направи поголем напредок, како и точките каде што Северна Македонија има напредок. […]

Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

август 8, 2022

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции, реагираа од Платформата за родова еднаквост. Од таму додаваат дека непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството […]

Истражување: Насилството врз жените четириесет години се промовира преку регионалната музика

февруари 21, 2022

Ана Нинковиќ, студентката на Факултетот за драмски уметности во Белград предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со својот документарен филм „Насилство врз жените во домашните песни“ што го изработила за испитот Поп-култура: Од дигиталното до транс-медијалното, а преку кој го истражува насилството врз жената преку музиката, турбофолк, поп, рок, рап и хип-хоп песни. Таа својот […]

Страна 1 од 2