вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: инклузија | 37 резултати

Наставничка ги отвори вратите од домот, учениците го развеселија нејзиниот син со попреченост

18 декември 2023

Весна Петридова, наставничка во основното училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино и мајка на дете со посебни образовни потреби, реши да ги запознае учениците со нејзиниот син, за преку својот личен пример да ги научи децата за прифаќањето на различностите и за инклузијата. Таа ги отвори вратите на својот дом и сите петтодделенци од нејзиното одделение […]

Иако има Даунов синдром, Никола ќе матурира без образовен асистент

18 септември 2023

Средношколецот Никола Стојановски кој боледува од Даунов синдром оваа година треба да матурира, но државата сè уште не му го обезбеди образовниот асистент иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дека врз него се врши директна продолжена интерсекциска дискриминација. Неговата мајка Сузана за Мета.мк потврди дека и оваа година Никола учи без […]

Маратонците Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски пливаа за вклученост на лицата со атипичен развој во спортот

26 август 2023

Вклучување на лицата со атипичен развој во спортот е поводот за денешната средба на охридските маратонци со учесниците на пливачкиот камп при Inclusive Wellness Society, кој викендов во организација на спортското друштво ИТК Македонија се одржува во Љубаништа, на Охридско езеро. Идејата е да се мотивираат сите млади, особено оние со атипичен развој да се […]

Северна Македонија со пет медали на светската Специјална Олимпијада

3 јули 2023

Вкупно пет медали освоија македонските репрезентативци на Светските Специјални Олимписки Игри кои од 17 до 25 јуни се одржаа во Берлин, Германија. Земјава ја претставуваа 13 атлети од Специјална Олимпијада – Северна Македонија кои настапувале во пет дисциплини – кошарка, пливање, бадминтон, атлетика и пинг-понг. Бронзени медали освоиле Марио Мицковски во дисциплината пливање, категорија „100 […]

Папата Франциск донесе историска одлука: Жените ќе имаат право на глас во Синодот на бискупите

27 април 2023

Папата Франциск одлучи на жените да им даде право на глас на претстојниот состанок на бискупите, промена без преседан која ги одразува неговите надежи на жените да им даде поголеми одговорности за донесување одлуки, пренесе Гардијан. Тој ги одобри измените на нормите кои го регулираат Синодот на бискупите, тело на Ватикан кое ги собира светските […]

Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери

7 април 2023

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат […]

Со огромна торта декорирана во боите-симбол за Даунов синдром, децата од „Доза среќа“ ја покажаа хуманоста

21 март 2023

Со крем-торта тешка 38 килограми и големина метар на метар, младите членови на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“ денешниот ден го одбележаа со учество на хуманитарниот саем за слатки – „Слатка мистерија 2023“ во средното училиште „Лазар Танев“. Со продажба на некои од производите, се собираа […]

Отворена сензорна соба во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода

2 февруари 2023

Основното училиште „Круме Кепески“ доби сензорна соба опремена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Станува збор за проект кој го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање […]

Утре во Велес стрип изложба: Животот и состојбата на Ромите

13 декември 2022

Утре со почеток во 12 часот во библиотеката „Гоце делчев“ во велес ќе се одржи стрип изложба. Посетителите ќе имаат можност да ги видат најдобрите стрипови од ученичкиот стрип конкурс на тема „Животот и состојбата на Ромите“, а ќе се промовира публикуваниот каталог. Изложбата којашто е завршен дел од Грантот „За нашите соседи и прилатели“ […]

Фестивал за инклузија: Лицата со попреченост заслужуваат многу повеќе

28 октомври 2022

Оваа седмица започна со многу емоции и многу љубов. Присутните на Фестивалот за инклузија кој се одржа во понеделникот не можеа да ги задржат солзите. Тие плачеа од воодушевување кога по работилниците за креативно изразување за лица со и без попреченост и работилницата за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид […]

„Шорткат“ на Фестивалот на инклузијата во Скопје

27 октомври 2022

Во понеделникот во Скопје се одржа фестивал на инклузија, каде граѓаните имаа можност да се запознаат со креативноста на лицата со попреченост. Нашите впечатоци од фестивалот ги пренесуваме во новото издание на вестите за млади „Шорткат“. Во новата епизода на „Шорткат“ информираме и за невработеноста која останува главен проблем за младите, за можноста за враќање […]

ХКЧП: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

6 септември 2022

Вклучувањето на децата со попреченост во образовниот систем е процес кој се запоставува, нанесувајќи огромна штета на децата и нивните родители. Иако средното образование е задолжително, и оваа учебна година започнува без образовни асистенти во средните училишта, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП). За проблемот со необезбедување на образовните асистенти за средношколци „Мета“ пишуваше […]

Мајка на дете со посебни образовни потреби: Секој 1 септември ми е кошмар

1 септември 2022

Секој 1 септември ми е кошмар, вели Сузана Стојановска, самохрана мајка на дете со посебни образовни потреби која се обидува да обезбеди образовен асистент за нејзиниот син. Но, бидејќи во моментов образовни асистенти законски се обезбедени само за учениците во основно образование, а нејзиниот син е веќе трета година во средно образование, тоа практично не […]

Бирото ги објави новите наставни програми за второ и за петто одделение, ќе има споени предмети

7 август 2022

Компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“, градинарски алат, прибор за лична хигиена и хигиена во домот. Ова е само дел од опремата и средствата кои ќе им бидат потребни од септември на второодделенците во училиштата низ државата, за да можат наставниците да […]

Младите од „Доза Среќа“ се закитија со 23 златни медали на Научната олимпијада за млади иноватори и таленти

20 јули 2022

Младите членови на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“ освоија 23 златни медали на Научната олимпијада за млади иноватори. На олимпијадата учествуваа повеќе до 300 меѓунаронди тимови, а тимот на „Доза Среќа“ под водство на менторот Др. Драган Јованов се натпреваруваше со проект на тема-билките и нивната […]

Тренчевска: Инклузијата и почитувањето на правата на лицата со попреченост е еден од нашите клучни приоритети

28 јуни 2022

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на Националната работилница за подготовка на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ на која што присуствуваше и Премиерот Димитар Ковачевски, Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф и Директорот на ГИЗ Канцеларијата на Северна Македонија Давид Оберхаубер. Работилницата беше во организација […]

„Мир, солидарност и единство на човештвото“, порача претседателот на олимпиското движење, Томас Бах

10 јуни 2022

Генералното 51. собрание на Европските олимписки комитети се одржува денес и утре во Скопје, а на собирот присуствува и првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Меѓунариодниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах. Тој во своето обраќање потсети на главната мисија на Олимписките игри за единство на човештвото и народите. Во говорот се осврна и кон […]

Промовирана апликацијата „Сиборд“ за унапредување на инклузивноста на децата со попреченост

12 мај 2022

Претставништвото на УНИЦЕФ и партнерите, организацијата „Отворете ги прозорците“ во Северна Македонија денес го промовираа имплементирањето на дигиталната апликација и алатка за асистивна технологија, „Сиборд“, креирана за да им помогне на децата кои имаат тешкотии во комуникацијата и нарушувања на говорот за да можат да комуницираат и да ги искажат своите потреби, чувства и мисли. […]

Дискриминацијата е една голема планина, дури и сега кога сме длабоко згазени во XXI век

5 март 2022

Ирена Лозана е една од мајките на деца со нетипичен развој која не се откажува од апели и активности за подигнување на јавната свест за потребата од инклузивност.  Иако февруари е месецот кој е посветен на ретките болести, нивното запознавање и разбирање на состојбите за неа е секојдневие. Таа, покрај тоа што држи часови по […]

„Зошто (не) е така?“ – нова рубрика во емисијата „Шорткат“

10 февруари 2022

Дали и колку можат дезинформациите да им наштетат на луѓето до кои стасуваат? Каква е улогата и што всушност работат проверувачите на факти? Можат ли тие навистина да бришат објави од социјалните мрежи? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во новата рубрика во емисијата „Шорткат“ – Зошто (не) е така?. Во оваа рубрика која ќе […]

Страна 1 од 2