fbpx

Започнува кампањата „Денови за донирање”

Сите граѓански организации и групи на граѓани се повикани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата „Денови за донирање“, иницијатива која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“

-

Сите граѓански организации и групи на граѓани се повикани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата „Денови за донирање“, иницијатива која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Станува збор за проект кој создава инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата.

„За да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да учествуваат, создадовме онлајн платформа за групно донирање Оп Оп на која ќе бидат достапни поголем број од проектите кои сакаме да ги поддржиме. Во рамки на настанот ќе имаме донаторски концерт на кој повторно ќе се обединат ѕвездите од М2 продукцијата меѓу кои Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски како и други познати изведувачи“, велат од Индиго, партнер во проектот.

Ќе биде реализирана и донаторска модна аукција со облека изработена од врвни домашни дизајнери, собирни кутии поставени околу најфрекфентните продавници и трговски центри.

„Со деновите за донирање создаваме платформа и ги охрабруваме сите да се вклучат инвестирајќи во подобро утре за сите. Со кампањата секоја година ќе го славиме донирањето и ќе ја негуваме културата на филантропијата”, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението Конект.

Деновите за донирање ќе бидат претставени преку гостувања во медиумите со цел поголема промоција на идејата и обезбедување на клима за донирање. Од страна на граѓанските организации ќе бидат организирани и координирани активности на терен како во Скопје така и во другите општини во земјата.

„Овие настани имаат за цел да инспирираат што е можно повеќе граѓани, граѓански организации и компании да се вклучат и да бидат охрабрени и поддржани во спроведувањето на активностите за собирање средства за проекти по сопствена иницијатива или за централниот фонд на Деновите за донирање“, велат од Индиго.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија и Индиго.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...