fbpx

Енергетско-економската криза влијаела врз малите и средните претпријатија

Ова се резултатите од анализата за влијанието на кризите врз микро, малите и средните претпријатија, во чии рамки биле анкетирани 134 претпријатија од осум плански региони во земјава

-

Најголемиот дел од микро, малите и средните претпријатија изјавиле дека врз нив влијаела енергетско-економската криза. Единствено мнозинството занаетчии рекле дека оваа криза не влијаела врз нивните претпријатија, а сите анкетирани од трговијата на големо и мало, објектите за сместување и сервисни услуги и снабдувањето со електрична енергија и гас одговориле дека трпеле последици.

Ова се резултатите од анализата за влијанието на кризите врз микро, малите и средните претпријатија, во чии рамки биле анкетирани 134 претпријатија од осум плански региони во земјава. Анкетното истражување е спроведено во рамките на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ од страна на Консалтинг за стратешки развој.

Наодите од истражувањето покажуваат и дека 60 отсто од микро, малите и средните претпријатија не биле директни корисници на некои од владините мерки за ублажување на ковид-19 кризата. Анкетата била спроведена кон оние осум сектори во економија, кон кои била фокусирана владината поддршка во последните три години, за време на здравствената и енергетско-економската криза.

Резултатите покажуваат дека 28 отсто од испитаниците не се согласуваат дека политиките кои се однесуваат на микро, малите и средните претпријатија биле соодветни, при што 34 отсто од нив се од преработувачката индустрија, 24 отсто се трговијата на големо и мало и 16 отсто од информациите и комуникациите.

Инаку, Консалтинг за стратешки развој во рамките на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ денеска додели грантови на шест организации за имплементирање на активности за услуги согласно потребите на микро, малите и средните претпријатија и брз одговор кон кризите. Станува збор за Асоцијација за е-трговија на Македонија, Макам-транс, Стартап Македонија, Солар Македонија, Центар за климатски промени и Стопанска комора на Северозападна Македонија.

„Економскиот просперитет на Северна Македонија е клучен приоритет за Соединетите Американски Држави (САД). Земјата економски многу ветува и искористувањето на потенцијалот би ги задржало талентираните млади луѓе во државата, би обезбедило решенија на некои од најголемите глобални предизвици кои се основаат на потребите на пазарот, и истовремено би придонело кон зголемување на можностите за  инвестирање од страна на САД“, изјави претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...