Еврометар: Граѓаните со највисока доверба во Армијата, а само третина веруваат во полицијата

Во истражувањето на Евротинк се вели дека речиси половина од испитаниците (47%) негативно ја оценуваат работата на управните служби на МВР, наспроти 19% кои дале позитивна оценка

-

Граѓаните имаат највисока доверба во Армијата, со 44 проценти. Понатаму следат религиските институции со 35% и Претседателот на Северна Македонија, со 24 проценти. Обвинителството и судството се најниско оценети, иако годинава се бележи мало враќање на довербата во нив.

Ова се дел наодите од анкетното истражување Еврометар 2024, кое било спроведено во текот на февруари 2024 година, а направено од Евротинк – Центар за европски стратегии. Телефонското истражување е спроведено од страна на „Брима“ во периодот од 31 јануари до 14 февруари 2024 година на репрезентативен примерок од 1001 испитаници.

Публикацијата „Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија за работата на полицијата во февруари 2024 година“ го истражува јавното мислење и се фокусира на перцепциите за полицијата на Република Северна Македонија.

Па така, во однос на довербата во полицијата, 43 проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба, наспроти 28 отсто кои изразиле доверба. За споредба, во 2022 година, пак, 21 проценти од испитаниците изразиле доверба во полицијата како институција.

Полицијата највисоко е оценета во однос на перцепциите за професионалноста во нејзиното работење, со 31 проценти позитивни проценки, наспроти 25 проценти во 2022.

„Сепак, евидентно е дека преовладува негативното мислење за сите мерени аспекти. Најниско оценет аспект е нејзината независност од партиските, владините или бизнис-интересите, каде што само 12 проценти од испитаниците сметаат дека е независна, а 65% имаат негативна перцепција. Понатаму, 23% од испитаниците сметаат дека полицијата е транспарентна, 26% дека е ефикасна, 19% дека е отчетна и 16% дека е инклузивна“, се вели во истражувањето.

Перцепцијата дека полицијата во Северна Македонија секогаш известува за своето работење навремено, неселективно, информативно и професионално вкупно ја делат една петтина од граѓаните, т.е. 19 проценти.

Во однос на познавањето и контактот со механизмите за контрола на работата на полицијата, истражувањето покажа дека пријава до внатрешната контрола на полицијата во 2024 со цел испитување на нивниот случај поднеле речиси 9 проценти од испитаниците, што е значајно зголемување во однос на 2022 година кога овој процент изнесувал 2,6 проценти.

Во однос на оценката за работата на управните служби при МВР биле разгледувани два аспекти: евалуација на достапноста на информациите во врска со процедурите пред управните служби при МВР (обрасци и чекори при процесот на вадење на некои од следните документи: лична карта, патна исправа, т. е. пасош, сообраќајни дозволи) и евалуација на работата на управните служби. Достапноста на информациите е негативно оценета од страна на една третина (34%) од сите испитаници, а позитивно оценета од 27%. Оваа ситуација е драстично различна од 2022 година кога позитивни оценки биле дадени од 51 проценти, а негативни од 23 % од испитаниците.

„Во ова истражување речиси половина од испитаниците (47%) негативно ја оценуваат работата на управните служби на МВР, наспроти само 19% позитивни оценки“, стои во публикацијата.

Во однос на оценувањето на релацијата помеѓу полицијата и локалната заедница, повеќе од половина од граѓаните (58 %) сметаат дека полицијата е малку присутна во нивното соседство, односно помалку од потребното.

Овогодишното истражување било спроведено во рамките на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија“, поддржан од National Endowment for Democracy (NED).

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...