fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

Еврометар: Граѓаните со највисока доверба во Армијата, а само третина веруваат во полицијата

Граѓаните имаат највисока доверба во Армијата, со 44 проценти. Понатаму следат религиските институции со 35% и Претседателот на Северна Македонија, со 24 проценти. Обвинителството и судството се најниско оценети, иако годинава се бележи мало враќање на довербата во нив. Ова се дел наодите од анкетното истражување Еврометар 2024, кое било спроведено во текот на февруари 2024 година, а направено од...

Охридски полицаец остана без работа откако му нашле кокаин на работното место

Прашкаста материја, шише со течност и остатоци од бела прашкаста материја биле пронајдени при контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид - обезбедување на вила Бела, во сопственост на МВР. Полицаецот, како што објави МВР, одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината...

Во последното деноноќие два случаја на напад на жени од сегашен или поранешен партнер

Два случаја во кои жени биле нападнати од своите сегашни или поранешни партнери се регистрирани во полицискиот билтен во изминатово деноноќие. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н., кој употребил...

Лажни дојави за бомби во објекти во Охрид и Кратово

Дојави за бомби денеска стигнале на адресите на неколку институции и бизниси во Охрид и Кичево, а за сите било утврдено дека се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Утрово околу 10 часот, полицијата добила пријава за поставени бомби во едно училиште, хотел, такси-компанија и два деловни објекти во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при...

На таблата на полициското одделение во Шуто Оризари има македонски јазик

Македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Тоа може да се види од фотографиите и видеото од отворањето на полициското одделение во Општина Шуто Оризари. Дезинформацијата веројатно тргна од објава на Петар Богојески, на којашто имаше коментари дека фотографијата е намерно исечена. Во реакциите под објавата беше приложена и оригиналната фотографија, па подоцна Богојески во коментар...

Таксист нападнал патник и му одзел пари

Возач на такси возило во раните утрински часови нападнал патник што го превезувал, по што му одзел пари. Случајот бил пријавен околу 3 часот утрово од страна на 25-годишниот П.Ѓ. кој се превезувал со таксистот од кого бил нападнат. Настанот се случил на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, соопшти полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кавадарчанка и жител на Тетовско измамени за кредит и бугарски документи

Двајца измамени во текот на вчерашниот ден регистрирал билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Утрото околу 9 часот во кавадаречката полициска станица, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамено од едно лице. Лицето ѝ рекло дека е претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка....

Двајца крадци фатени на дело во Куманово и Штип

Двајца крадци вчера биле фатени на дело, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентите се случиле во Куманово и во Штип. Во 22 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по...

(ВИДЕО) Претреси во Скопје – приведен дилер, запленет имот вреден стотици илјади евра

Полицијата во координација со специјалците од единицата „Тигар“ вчера извршиле претреси на три локации во скопската населба Гази Баба, при што биле пронајдени кокаин, дигитални ваги, но и разновидна скапа компјутерска опрема за која постои сомнение дека е купена со парите од продажба на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираа од таму, по насоки од јавното...

Сообраќајна несреќа во Лисиче: Удрил во 61-годишен велосипедист, па побегнал

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер во Долно Лисиче во која со тешки телесни повреди завршил 61-годишен велосипедист од Скопје. Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа околу 20 часот и 30 минути било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „1“ и „7“ во Долно Лисиче се случила незгода во која возило удрило во велосипедистот С.Ј., по што возачот...

Приведен пробиштипјанец, со секира им се заканувал на вработените во средно училиште

Полициски припадници во содејство со специјалците од единицата „Тигар“, вчера го привеле четириесет и тригодишниот Љ.Н. од Пробиштип, по претходно издадени судски наредби, извршени на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип. Тој на 21 декември, околу 13 часот, со секира влегол во училишниот двор на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на...

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

Полицијата во Скопје имала невообичаена интервенција вчера, откако минувачи пријавиле дека е откриена количка со бебе во неа, покрај која немало никој. Како што соопшти МВР, во 14:40 часот била примена пријава дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. Набргу полициски службеници од...

Купишта невистини за грабнувањето и убиството на Вања

Објавата шири низа невистини во врска со грабнувањето и убиството на Вања. Не е вистина дека имало втор обид за киднапирање, не е вистина дека мајката го пријавила исчезнувањето на ќерката ден пред нејзиното киднапирање, не е вистина дека таткото не го пријавил исчезнувањето на неговата ќерка и не е вистина дека полицијата нема докази од снимки од камери,...

Се шират невистини дека Вања била жртва на трговија со органи

Според официјалните информации добиени од истрагата на МВР и ОЈО и исказите на осомничените во врска со убиството на малолетничката од Скопје, Вања Ѓорчевска била грабната и убиена со огнено оружје, а со цел да се изнудат пари за откуп од член на нејзиното потесно семејство. Нема никаква трговија со органи, ниту пак, некој криел такво нешто, како што...

Приведен скопјанец кој лажно пријавил обид за грабнување малолетничка

Лишен е од слобода 53-годишен скопјанец поради лажно пријавување, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера околу 19 часот, тој во СВР Скопје пријавил дека наводно во главниот град, две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале. По добиената пријава, полицајците утврдиле оти станува збор за лажно пријавување и дека обид за киднапирање воопшто немало. „Вчера...

Полицајци, обвинители и инспектори се обучија како да истражуваат случаи со отруени диви животни

Македонското еколошко друштво организираше две обуки за 80 претставници на државни институции кои во иднина ќе треба да водат истраги при случаи на труење на диви животни. На обуката учествуваа полициски службеници, локални државни инспектори за животна средина, државни инспектори за ловство, локални официјални ветеринари и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, ловочувари и претставници од локални ловечки...

ЦУК: Пожарникарите, полицајците и итната медицинска помош викендов со полни раце работа

Според извештаите за работа на Единствениот број за итни ситуации 112, викендов биле примени повици во рамки на дневниот просек помеѓу 1.500 и 2.000, а од нив најмногу биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека викендов имале над двојно повеќе итни случаи за комбинирано решавање, кога повеќе...

Ќе заседава Советот за безбедност, Спасовски вели земјата е стабилна

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски. Тој, за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 посочи дека тема на средбата ќе бидат најновите случувања на Блискиот Исток и во Украина, но и на северот на Косово каде што земјава има свој контингент војници којшто треба да се зголеми по барање на...

Бројот 192 утре со привремен прекин во Скопје, граѓаните да пријавуваат на 112

Телефонскиот број 192, од технички причини, утре, сабота, нема да биде во функција во Скопје и тоа во периодот од 8 до 10 часот наутро, информираше Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје). Оттаму додаваат дека во наведениот период граѓаните можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 и на него да пријавуваат настани. Информацијата се однесува само на функционирањето на...

Полицијата го уапси убиецот од Хром чија мајка запали стан за да го прикрие

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две...

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...