fbpx

Приведен пробиштипјанец, со секира им се заканувал на вработените во средно училиште

Со спреј пишувал заканувачки пораки по ѕидовите од училиштето, по што уништувал предмети и инсталации во ходниците и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката

-

Полициски припадници во содејство со специјалците од единицата „Тигар“, вчера го привеле четириесет и тригодишниот Љ.Н. од Пробиштип, по претходно издадени судски наредби, извршени на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип.

Тој на 21 декември, околу 13 часот, со секира влегол во училишниот двор на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените. Покрај ова, тој со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето, уништувал предмети и инсталации во ходниците и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката.

По ова, Љ.Н. влегол во зградата на пробиштипскиот Центар за социјални работи каде упатувал закани по животот на вработените.

Против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...