fbpx

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Двајца жители на штипско и еден на селото Сопот ги фотографирале свотие гласачки ливчиња, додека во Скопје се регистрирани два случаја во кои гласачите ги скинале ливчињата

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање.

Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во Штип, М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче.

Во штипско е регистриран уште еден ваков случај, поради што полициски службеници го привеле Г.Ј. (34) од селото Тработивиште.

Во 15.30 часот било пријавено дека на избирачко место број 1680 во селото Сопот, гласачкото ливче го фотографирал Р.А. од селото.

Во Скопје се регистрирани и два случаја на кинење на гласачките ливчиња – на избирачкото место број 2880 ова го сторил 72-годишниот Р.Х, а истото го направила и 48-годишната Б.С. на избирачкото место број 2783.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.