ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

И покрај тоа што новинарката Јордановска уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација, членот на избирачкиот одбор во гласачкото место во киносалата во Кисела Вода не ѝ дозволил да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник на избирачкото место број 2762 во скопската општина Кисела Вода каде Јордановска беше спречена во извршување на својата професионална новинарска работа.

И покрај тоа што Јордановска уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација, членот на избирачкиот одбор во гласачкото место во киносалата во Кисела Вода не ѝ дозволил да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето.

„Укажуваме дека вакви и слични инциденти не смеат да станат пракса каде новинарите и медиумските работници се спречени професионално да си ја вршат својата работа за време на изборниот процес“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Здружението најавува дека со внимателност ќе ја следи постапката за овој случај и ќе бара одговорност од Државната изборна комисија да биде изречена санкција кон членовите на избирачките одбори кои ја попречуваат работата на новинарите.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...