На таблата на полициското одделение во Шуто Оризари има македонски јазик

Оваа манипулативна вест не е нова и таа се споделува од 2020 година

-

Македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Тоа може да се види од фотографиите и видеото од отворањето на полициското одделение во Општина Шуто Оризари. Дезинформацијата веројатно тргна од објава на Петар Богојески, на којашто имаше коментари дека фотографијата е намерно исечена. Во реакциите под објавата беше приложена и оригиналната фотографија, па подоцна Богојески во коментар ја објави истата, со што фактички ја призна грешката, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Објава на Фејсбук тврди дека македонскиот јазик недостасува на таблата закачена пред полициското одделение во Шуто Оризари.

Ја претераа и вмро и сдс
КУДЕ Е МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, пишува во објавата.

Во прилог е прикачена и фотографија на која се гледа натпис на ромски, албански и на англиски јазик.

Објави со истата фотографија и со слична содржина има и тука, тука и тука.

Нашата проверка покажа дека се работи за невистина и дека фотографијата е фабрикувана. Како што може да се забележи и од самата фотографија, доколку таа внимателно се погледне, ќе се види дека истата горе е исечена, односно не е целосна.

Таблата на полициското одделение во Шуто Оризари е напишана на четири јазици и тоа: прв е македонскиот, а потоа следат ромски, албански и англиски јазик. Во јуни 2019 година во Општина Шуто Оризари е отворено полициско одделение од општа надлежност кое функционира во рамки на полициската станица Чаир. Веста за новоформираното полициско одделение во Шуто Оризари може да се најде на официјалната веб-страница на Владата. Таму е објавено и видео од свеченото отворање на кое присуствувал и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Токму во видеото (на 0:25 минута)  може да се види таблата која е закачена пред полициското одделение.

Принтскрин од видеото објавено на веб-страницата на Влада

На фотографијата од видеото јасно се гледа дека на таблата пред полициската станица во Шуто Оризари прв стои македонскиот јазик, а по него следат натписите на ромски, албански и англиски јазик.

Фотографии на кои се гледа таблата од полициската станица може да се најдат и на официјалната Фејсбук страницата на Општина Шуто Оризари.

Инаку, објавата што ја рецензираме, а и другите слични објави, веројатно се инспирирани од објава на Петар Богојески претседателот на пртијата „Македонски Концепт“, на чиј профил на Фејсбук најпрво е пласирана оваа дезинформација (според часот на објавување – 8:36). Неговата објава предизвика реакции дека фотографијата е намерно исечена, во коментарите беше приложена и оригиналната фотографија, подоцна Богојески напиша коментар и ја објави истата, со што фактички ја призна грешката:

Граѓани испратија целосна снимка од последната табла на која има и македонски јазик!

Оваа манипулативна вест не е нова и таа се споделува од 2020 година. За неа уште тогаш пишувал сајтот Цивил медиа.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...