вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Шуто Оризари | 44 резултати

Жителите на Шуто Оризари оставени на немилост: Нема автобуси по 10 часот

22 јули 2024

Нема редовен јавен превоз во општината Шуто Оризари, во која според последниот попис, живеат повеќе од 25.000 жители. Граѓаните се принудени секој ден да се организираат во групи и да користат превоз со приватни автомобили на превозници, за што плаќаат по 50 или 100 денари во еден правец, зависно од тоа до каде се возат. […]

На таблата на полициското одделение во Шуто Оризари има македонски јазик

28 февруари 2024

Македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Тоа може да се види од фотографиите и видеото од отворањето на полициското одделение во Општина Шуто Оризари. Дезинформацијата веројатно тргна од објава на Петар Богојески, на којашто имаше коментари дека фотографијата е намерно исечена. Во реакциите под објавата беше приложена и оригиналната фотографија, па […]

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

5 јануари 2024

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и […]

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

12 септември 2023

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без да имаат некој проблем, не одат 72 отсто од Ромките. Овие […]

Девојче починало по удар од автомобил во Шуто Оризари

1 јули 2023

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на улицата „Метохиска“ во скопската населба Шуто Оризари. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера околу 13 часот и 45 минути било пријавено дека патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45- годишниот Р.Н. од Скопје, удрило во малолетничка. Во несреќата девојчето се здобила […]

Вистиномер: Ромите сè уште се дискриминирани, ЕК бара поголема инклузија

3 јануари 2022

Ромската популација во Република Северна Македонија сè уште е најранливото малцинство во земјата и продолжува да биде заедница што се соочува со институционална дискриминација, сегрегација и социјални предрасуди. Ромите официјално се признаени како етничка заедница која се спомнува во Преамбулата на Уставот, изменета со Охридскиот рамковен договор во 2001 година, но се заедница која останува […]

Промовиран Мечинг фонд вреден 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

30 јули 2021

Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг фонд (ко-финансирачки фонд) на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра, во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за […]

Филипче: Жените во општина Шуто Оризари од денеска имаат матичен гинеколог

23 април 2021

После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог. Министерството за здравство набави и опреми специјалистичка ординација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординација. „Навистина ми е мило што еве денеска можеме да […]

Граѓаните на Шуто Оризари без здравствена заштита, матични лекари не се јавуваат на распишаните огласи за концесија

24 март 2021

Граѓаните на Шуто Оризари се жалат дека се без здравствена заштита, бидејќи двајца од матичните лекари кои работеле во поликлиниката си заминале, а една се пензионирала. Фадиљ Џемаил, координатор во Здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на зеадниците од Скопје“ рече дека 4.000 возрасни и 1.200 деца се без здравствена заштита. Тој апелираше […]

Депонијата во Визбегово и понатаму се полни и гори, инспекторите откриле камион со отпад од Шуто Оризари

24 декември 2020

Камиони од Шуто Оризари кои фрлале отпад во дивата депонија во Визбегово биле откриени од инспекторите на Државниот инспектопрат за животна средина кои вчера извршиле вонреден надзор. Депонијата во Визбегово е еден од најголемите еколошки проблеми на градот и голем загадувач на воздухот, со оглед на тоа што постојано гори. Инспекторите на лице место констатирале […]

Протест поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари [галерија]

4 декември 2020

Кај Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје денеска се одржа протестна акција со наслов „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“, како израз на незадоволството од страна на ромската заедница поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари. „Детектирани се низа неправилности и несоодветен однос од страна на вработените кон социјално […]

МЗ: Д-р Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Шуто Оризари

2 октомври 2020

Докторот Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Општина Шуто Оризари, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека на вчерашната средба, министерот за здравство, Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутирале околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга. „Локацијата за ординацијата е […]

Општината Шуто Оризари бара граѓанските организации да не спомнуваат улици со заболени

9 април 2020

Во Општината Шуто Оризари има околу 2.000 семејства што се под зголемен социјален ризик поради неможноста да ги извршуваат своите работни дејности, а на дел од нив, локалната самоуправа им дистрибуира пакети со хигиенски средства и храна. Како што соопштија од Кризниот штаб на општината, треба да се разгледаат и донесат посебни мерки, ако има […]

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

8 ноември 2019

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето. Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени, пишува „Порталб.мк“. Постапките за чистење на дивите депонии треба да се […]

Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се фрла ниту шут

26 јули 2019

На депонијата во Шуто Оризари не смее да се одлага ниту ѓубре ниту шут, категорично вели општинската инспекторка Анета Манчевска, отфрлајќи ги тврдењата на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пишува „Порталб“. -Не, не е вистина дека смее да се остава таму. Донесовме заклучок да не се фрла ѓубре ниту шут. Местото треба целосно да […]

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

19 јули 2019

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена […]

За дивата депонија во Шуто Оризари се чека голема акција за чистење

31 мај 2019

Додека од надлежните стасуваат првите најави за чекори за решавање на проблемот со дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово, таа и понатаму се полни, а жителите голтаат чад, бидејќи постојано непознати сторители ја палат депонијата. Според она што го кажува градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална […]

Жителите на Визбегово бараат помош од Заев за чадот од дивата депонија

28 мај 2019

Дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово и понатаму гори, испуштајќи опасен чад кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, поради што жители на Визбегово му пишаа и на премиерот Зоран Заев барајќи спас од ситуацијата на која што се изложени повеќе од четири месеци не само тие, туку и жителите на Чаир и […]

Депонијата кај Шутка и понатаму гори и труе

8 март 2019

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици и вчера повторно огнот и чадот се засилија. Додека жителите не гледаат спас и не знаат што да прават со своите деца за да ги спасат од вдишување на чадот, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, вели дека на 8 Март треба да […]

Жителите на Чаир, Бутел и Визбегово дишат отров од запалената депонија во Шутка

26 февруари 2019

Дивата депонија помеѓу општина Шуто Оризари и Визбегово веќе неколку дена гори, иако пожарот бил изгаснат седум пати во текот на два дена. Граѓаните велат дека дишат воздух што мириса на изгорена пластика, додека еколошките друштва сметаат дека последиците од оваа појава се смртоносни, пренесува „Порталб“. Жителите на Шуто Оризари, Визбегово, Чаир и Визбегово велат […]

Страна 1 од 2