fbpx

За дивата депонија во Шуто Оризари се чека голема акција за чистење

-

Додека од надлежните стасуваат првите најави за чекори за решавање на проблемот со дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово, таа и понатаму се полни, а жителите голтаат чад, бидејќи постојано непознати сторители ја палат депонијата. Според она што го кажува градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ наскоро ќе извршат чистење на дивата депонија и потоа зазеленување на просторот, известува „Порталб“.

Абдулсамед Шабани, директорот на „Комунална хигиена“, пак, одговарајќи на прашање од „Порталб“ при денешната акција за чистење на Чаир, рече дека дивата депонија никогаш не била во нивна сопственост и дека не постои документација за такво нешто. Според него, претоварната станица била оформена во договор на поранешното раководство на „Комунална хигиена“ и Општина Шуто Оризари, а како што вели Шабани, одговорноста за депонијата е на општината.

– Тој простор таму никогаш не бил сопственост на „Комунална хигиена“. Во соработка со општинските власти, било договорено да се отвори претоварна станица во Шуто Оризари. Немаме документација дека таа е во наша сопственост. Бевме приморани да се повлечеме од претоварната станица, бидејќи нашето секојдневно работење беше блокирано од власта во Шуто Оризари. Јас, заедно со оперативниот сектор, решив да се повлечеме, оти ние не сме инспекција за да ги сопреме несовесните фирми и граѓани што фрлаат отпад на тој простор. Многу пати го чистевме, го оставивме во чиста состојба. Категорично велам дека никогаш не бил сопственост на „Комунална хигиена“ – вели директорот Шабани, нагласувајќи дека проблемот во е во Општина Шуто Оризари.

„Порталб“ го контактирал градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, која вели дека одговорноста за решавање на проблемот со дивата депонија лежи во „Комунална хигиена, Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

– И јас ја чистев дивата депонија. Сега треба малку Министерството за животна средина и Град Скопје, како и премиерот, да направат нешто за решвање на овој проблем, бидејќи јас немам ниту моќ, ниту буџет, ниту можност да ја исчистам комплетно – вели Дудуш.

На прашањето од „Порталб“ дали тоа значи дека се откажува, тој вели дека не е така.

– Не се откажуваме. Постојано правиме напори, и заеднички со градоначалникот на Бутел. Доста исчистивме, но сега „Комунална хигиена“ и Град Скопје, со проект од Министерството за животна средина треба да исчистат. Не знаеме до каде е проектот, но велат дека депонијата ќе се исчисти. Според нив, проектот би почнал за две до три недели, теренот би се расчистил и потоа би се засадиле дрвја. Мислам дека ветувањето од Град Скопје беше дадено пред претседателски избори – вели Дудуш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...