fbpx

Мета факт: Ништо од зелените кули за „нула смог“ на Муцунски

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат и т.н зелени кули за нула смог, но од ова засега нема ништо

-

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат и т.н зелени кули за нула смог (култури на мовови со васкуларни растенија кои имаат способност да неутрализираат стотици тони јаглерод диоксид на годишно ниво).

Програмата на Муцунски веќе не е достапна на веб-страницата на општината, но ова негово ветување сепак може да се најде во архивите, а тој го најавува за медиумите кога станува градоначалник на Аеродром. Според одговорите што ги добивме од општината, Муцунски сè уште го нема реализирано ова ветување во делот на животната средина, но оттаму тврдат дека проектот ќе биде реализиран до крајот на неговиот мандат.

Од тие причини, засега, ова ветување на градоначалникот Муцунски оценуваме дека е неисполнето.

Муцунски во интервју за „Фактор“ во октомври 2021 година тврди дека „верува дека Аеродром ќе биде општина која ќе постави нови стандарди за заштита на животната средина и зелена општина“. Меѓу другото, тој ветува 100 илјади метри квадратни паркови и зеленило, паметен систем за наводнување тревници, паркови за домашни миленици, нови сообраќајни решенија, зголемено користење на велосипеди, поставување на функционални мерни станици, гасификација за почист воздух, предлог за дислокација на претоварната депонија Вардариште во соработка со општина Гази Баба и Град Скопје, нула диви депонии, вртикално зеленило и зелени кули за 0 смог, функционална ЕКО полиција и др.

Вертикалното зеленило децидно е споменато и во неговата програма за работа, а со цел да се намали аерозагадувањето.

Мета.мк се обрати до Општина Аеродром и побара одговори до каде е имплементацијата на овој проект.

„Во однос на вертикалното зеленило и зелените столбови, истите се проект од програмата на градоначалникот Тимчо Муцунски и планирано е тие да се реализираат до крајот на неговиот мандат“, ни одговорија оттаму.

Неизвесно е колку време е потребно за да се постави вертикално зеленило при реконструкциите на фасадите и колку фасади се планирани да бидат реконструирани до крајот на мандатот на Муцунски наредната година, а исто така е неизвесен периодот за изработка на вертикални зелени кули.

Сепак, со оглед на тоа што засега овие проекти не се реализирани, може да се заклучи дека ова предизборно ветување на градоначалникот на Аеродром не е исполнето.

 

ИЗВОРИ: 

Фактор.мк, 14.10.2021, ИНТЕРВЈУ ТИМЧО МУЦУНСКИ: Аеродром ќе стане Еко-дром, наместо само згради ќе пораснат и растенија, (проверено на 19.03.2024)

Одговори од Општина Аеродром, добиени на 06.02.2024

Предизборна програма на Тимчо Муцунски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...