Таг: Мета факт

таг: Мета факт

Мета факт: Не е вистина дека регионалната депонија во Свети Николе ќе биде ѓубриште

Пратеникот од Левица Борислав Крмов, во свое излагање на говорницата во Собранието изјави дека првата регионална депонија за третман на отпад по европски стандарди, што треба да се гради во Свети Николе, всушност ќе биде регионално ѓубриште. Крмов, во својот говор, посветен на решавање на проблемот со депонијата и амбиенталниот воздух во Кочани, тврди дека процесот на затворање на...

Мета факт: Година и половина на Клиниката за психијатрија не се хоспитализираат пациенти, пробиени се сите рокови за реконструкција

Универзитетската клиника за психијатрија поради реновирање беше затворена во мај минатата година, а предвидувањата беа дека првиот спрат на клиниката заедно со фасадата ќе бидат завршени до октомври 2023. Но, оттогаш измина повеќе од една година, а клиниката сѐ уште не работи, односно реновирањето е во тек, а пациенти за хоспитализација не се примаат. На прашањето на Мета.мк поставено на...

Мета факт: Делумна вистина е дека Владата го решила проблемот со личните документи во првите 100 дена

На 1 октомври годинава премиерот Христијан Мицкоски даде отчет за работата на првите 100 дена од Владата на РСМ, меѓу другото, како едно од достигнувањата на Владата, го посочи и издавањето лични документи на граѓаните „кое сега е регулирано и е во рамките на законски утврдениот рок“. Оваа изјава на премиерот Мицкоски може да се оцени како полувистината, со оглед...

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас - намалена е за 1.000 денари. „Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во...

Мета факт: Делумно точна е изјавата дека Владата за два месеци од мандатот ја прошири позитивната листа на лекови

Владата во соопштение во врска со проширената позитивна листа на лекови, тврди дека „за само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови“. Оваа изјава е делумно точна, со оглед на два факти: прво, постапката за проширување на листата со лекови е започната уште во јуни 2023 година, и второ, овој...

Мета факт: Општина Битола не изработи мобилни апликации за плаќање сметки, лоцирање на паркинг и купување билети за јавен превоз

Дигитализација на јавните услуги и „Smart City“ вети градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во својата предизборна програма на локалните избори во 2021 година. Една година пред истекот на неговиот мандат, најголем дел од проектите кои се дел од најавената дигитализација, а особено ветените мобилни апликации кои треба да олеснат одредени процеси, воопшто не се реализирани. На последните локални избори...

Мета факт: Иако со проблеми, ветувањето за бесплатен интернет во училиштата во Ѓорче Петров е исполнето

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2021, на страна 14, градоначалникот Александар Стојкоски вети дека ќе обезбеди бесплатен интернет во сите основни училишта во општина Ѓорче Петров. Проверката на Мета.мк покажа дека речиси три години по доаѓањето на оваа локална власт, проектот за обезбедување бесплатен интернет во основните училишта во општина Ѓорче Петров има различни резултати во различни...

Мета факт: Градоначалникот Митевски набави лаптопи за ученици од социјално-ранливи категории

Актуелниот градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, во својата предизборна програма вети поддршка за социјално-ранливите семејства, преку набавка на дигитални уреди за образование, како и набавка на лаптопи за наставниците во училиштата во оваа општина. Според одговорите што ги добивме од општинарите, овие уреди се набавени, по што може да се заклучи дека ветувањата што ги дал градоначалникот пред...

Мета факт: Пецаков не набави пловен објект за чистење на Охридско Езеро

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека ќе биде набавен специјален пловен објект, наменет за чистење на отпадоците во Охридско Езеро. Ветувањето е наведено во секцијата за заштита од климатски промени и животна средина, каде што пишува дека „квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува...

Мета Факт: Реставрацијата на Старата чаршија во Гевгелија сè уште не е започната

Градиначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во својата предизборна програма насловена „За Гевгелија гарантираме“, како еден од приоритетните проекти за градот го наведува проектот Реставрација на „Стара чаршија". Проектот се наоѓа на седмата страна во програмата и е сместен во делот за топ 10 приоритетни активности. До денес, за проектот е започната само изработка на техничка документација. Поради тоа ова...

Мета факт: Во тек е изградбата на стадион со трибини во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својата предизборна програма насловена „За Илинден гарантираме“, вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден. Според одговорите што ги добивме од општинита, изградбата за овој проект е веќе започната, па оттаму да заклучиме дека ова ветување е во тек на реализација, иако во програмата беше наведено дека стадионот ќе биде...

Мета факт: Во тек е изработката на мобилна апликација и веб-страница наменети за младите од Скопје

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, во својата предизборна програма насловена како „Програма за модерно Скопје“, вети дека ќе биде обезбедена апликација, преку која младите ќе се информираат за настани и услуги од нивен интерес. Според одговорите што ги добивме од градските власти, овој проект е во реализација, по што може да се заклучи дека ова ветување е во...

Мета факт: Четири месеци МОН не ги објавува листите за стипендии за втор и трет циклус

Изјавата на надлежните во МОН дека резултатите ќе бидат објавени минатата недела, е неточна. Министерството за образование и наука не ги објавува резултатите од конкурсите за стипендија за студентите на втор и трет циклус студии. Имено, повеќе од четири месеци откако беа објавени конкурсите за стипендии за студентите на магистерски и докторски студии, Министерството за образование и наука сè...

Мета факт: Во тек е вклучувањето на државните инспекторати во Е-инспектор

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Единаесет државни инспекторати се веќе дел од системот Е-инспектор, додека пет чекаат да им се обезбедат технички услови во текот на следните десетина дена. Дигитализацијата на инспекторатите ќе треба да опфати уште 12 инспекциски служби, кои се внатрешни организациски единици на органи на државната управа, но тие ќе се вклучат во електронскиот систем во зависност од реорганизацијата и оптимизацијата...

Meта факт: Владата само делумно ја оствари финансиската помош за родителите со ниски примања

Експремиерот Димитар Ковачевски, во јавно обраќање од собраниската говорница, во декември минатата година најави дека повеќе од 105.000 ученици во основното образование и во средното образование, во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари, секој месец. Но, дел од родителите со ниски месечни примања, односно со примања кои не надминуваат 50.000 денари, иако уредно и навреме...

Мета факт: Нема комунални полицајци во општините, а законот не е готов и по четири години

Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, останува ветување кое нема да биде исполнето во мандатот на оваа Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на Владата 2020-2024 во делот за животна средина како проект кој ќе започне да функционира уште во 2021 година,...

Мета факт: Ништо од зелените кули за „нула смог“ на Муцунски

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат и т.н зелени кули за нула смог (култури на мовови со васкуларни растенија кои имаат...

Мета факт: Пецаков не субвенционира курсеви по информатика, англиски и математика за студенти и невработени со ниски примања

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека студентите и невработените лица ќе добијат субвенции за курсеви по информатика, математика и англиски јазик. Конкретно, на ова предизборно ветување, иако е модифицирано, во моментов не се работи, односно невработени и студенти не користат...

Мета факт: Кисела Вода сепак доби втора мерна станица за квалитет на воздухот

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во ноември 2021 година најави дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Иако две години подоцна, единствено беше функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода, градоначалникот Ѓорѓиевски неодамна, на 29 февруари 2024, го исполни ова ветување и...

Мета факт: Младите од Карпош не добија можност за практикантство во локални компании

Градоначалникот на Општината Карпош, Стевче Јакимовски во својата изборна програма „Моќен сојуз, јас и вие“, вети дека локалната власт ќе им даде поддршка на младите жители за стекнување практикантско искуство во фирми од Карпош. Во програмата на Јакимовски, во делот посветен на младите, се предложени три проекти, со кои, покрај отворањето на канцеларија за млади и помош за обуката...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...