петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Мета факт | 89 резултати

Мета факт: Градоначалникот Стојкоски засега не го оствари ветениот проект за млади програмери

јануари 31, 2024

Александар Стојкоски, актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, во својата предизборна програма за работа, вети дека ќе организира натпревар за млади програмери кои треба да се натпреваруваат во изработка на апликации. Сепак, досега овој проект не е реализиран и до овој момент не се прават подготовки за организација на истиот, па оттаму ова ветување го […]

Мета факт: Орце Ѓорѓиевски подзаборави на еколошките проекти против аерозагадувањето

јануари 16, 2024

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пред локалните избори во 2021 година вети општински субвенции за реализација на еколошки проекти со кои ќе се намали аерозагадувањето, нагласувајќи дека загадувањето е еден од најголемите проблеми во општината. Ваквото предизборно ветување е во тек на реализација, иако средствата што ги издвојува Општина Кисела Вода за решавање […]

Мета факт: Општина Гази Баба не изработи акциски план, ниту систем за мониторинг на аерозагадувањето

јануари 9, 2024

Аерозагадувањето во Скопје руши неславни рекорди, а една од општините во главниот град која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија – Општина Гази Баба ги нема исполнето ветувањата за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за воведување на систем на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух. Градоначалникот […]

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

јануари 2, 2024

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири […]

МЕТА ФАКТ: Иако беше ветено, цела година не започна реконструкцијата на студентските домови

декември 26, 2023

Најавувана па одложувана, но никако да го „види светлото на денот“ – реконструкцијата на студентските домови во државата и понатаму останува неисполнето ветување на Владата и на Министерството за образование и наука (МОН), како надлежна институција за процесот. И покрај тоа што за оваа година беа предвидени средства за реновирањето да почне од скопските домови, […]

Мета факт: Новата населба за млади во Кисела Вода допрвa ќе се реализира

декември 19, 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект – реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба ќе биде донесен во 2024 година. Реализацијата на ваквото предизборно ветување е во тек. Во предизборната […]

Мета факт: Младите не добија посебна квота за субвенции за велосипеди во Општина Центар

декември 12, 2023

Скопската општина Центар до денес нема воведено посебна квота за млади до 29 години во рамките на редовните повици за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети кои ги објавува за граѓаните на оваа општина секоја година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во предизборната програма пред локалните избори во 2021 година вети субвенционирање на еколошки […]

Мета факт: Општина Карпош финансиски помогна при изградба на ново прифатилиште за улични кучиња

декември 5, 2023

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради и опремува здружението „Шепасти ентузијасти“. Со оглед на овие околности, […]

Мета факт: Младите од скопски Бутел не добија културен центар до денес

ноември 28, 2023

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за време на предизборната кампања за локалните избори во 2021 година на граѓаните им вети отворање на младински културен центар. Ова предизборното ветување до денешен ден не е исполнето. На 3 октомври 2021 година, градоначалникот Дарко Костовски од позиција на кандидат за градоначалник на жителите на општина Бутел им најави […]

Мета факт: Владата не создаде и не објави регистар на млади умови

ноември 21, 2023

Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба да учествуваат во креирањето политики. Според одговорите што ги добивме од Владата, ваков […]

Мета факт: Не е исполнето ветувањето за изработка на проект за пруга до скопскиот аеродром

ноември 14, 2023

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства […]

Мета факт: Власта не ги ажурираше податоците за трошењето на функционерите

ноември 7, 2023

Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за трошењето на функционерите е во застој поради извесни промени во системот, половина година […]

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

октомври 31, 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, […]

Мета факт: Сите рокови за усвојување на Законот за климатска акција се пробиени

октомври 24, 2023

Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава […]

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

октомври 17, 2023

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ […]

Мета-факт: Гасоводот Скопје-Тетово требаше да се заврши годинава, но сè уште не се решени имотните прашања

октомври 10, 2023

Не е готов гасоводот од Скопје кон Тетово, кој се брзаше да биде направен и заради кој се ископа сртот на планината Водно. Иако беше најавено дека оваа гасоводна делница ќе биде завршена оваа година, сепак изградбата е сè уште заглавена во решавање на имотно-правни односи и ваквото ветување е во тек на реализација и […]

Мета факт: Пецаков не го исполни ветувањето за нова вело-патека од Охрид до Св. Стефан

октомври 3, 2023

Во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат за градоачалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, даде ветување дека ќе изгради велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан за, како што рече, безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба. До овој момент, нема градежни работи на потегот Охрид […]

Мета факт: И по повеќе од две години, нема абер од проширувањето на булевар Борис Трајковски кон Драчево

септември 26, 2023

Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја […]

Мета факт: Го нема специјалниот закон за заштита на Водно ветен од Данела Арсовска

септември 19, 2023

Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа на одлуката на Министерството за животна средина. Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон […]

Мета факт: Невистинита е изјавата од Владата во 2018 дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за лични документи

септември 12, 2023

Чекање за термини за нови лични документи, рок од само шест месеци да се извадат нови и неможност граѓаните да најдат термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош, се само дел од проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани откако МВР предупреди дека сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република […]

Страна 2 од 5