среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Мета факт | 89 резултати

Мета факт: Младите брачни парови не добија можност да изградат свој дом на Зајчев рид

април 18, 2023

Во Програмата за работа на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за периодот од 2021 до 2025 година, именувана како „Моќен сојуз, јас и вие“, има ветување дека за цена од максимум 350 евра за метар квадратен, младите брачни парови ќе може да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид. Мета доби потврда дека до […]

Мета факт: Безброј датуми и неостварени ветувања за регионалната депонија во Свети Николе

април 11, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот на месецов информираше дека ќе ги одземе ингеренциите на Општина Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Ова не е прво ветување на надлежното министерство во врска со изградбата на […]

Мета факт: Сè уште нема поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години

април 4, 2023

Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето – ова ветување стои во предизборната програма на владејачката СДСМ за парламентарните избори во 2020 година. СДСМ на чело со Зоран Заев тогаш ја формираше новата владина коалиција, но и по неговото заминување од премиерската позиција, ветувањето за поврат […]

Мета факт: Граѓаните сè уште чекаат воведување на комунална полиција

март 28, 2023

Комуналната полиција, чија задача треба да биде обезбедувањето чистота во општините и намалување на загадувањето, сè уште постои само на хартија. Во програмата на Владата која се однесува на животната средина и проектите кои ќе се реализираат од 2020 до 2024 година, стои дека во овој период ќе треба да се изработи и донесе Закон […]

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

март 21, 2023

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во земјава. Овие средства од страна на македонската влада беа обезбедени кон крајот на 2022 година од ЕИБ, но реализацијата […]

Meта факт: Mладите лекари не добија субвенција за стан, ниту грантови да отворат ординации во рурални средини

март 14, 2023

Во Програмата за работата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, има ветувања дека ќе ги стимулираат младите лекари да работат во руралните средини со тоа што ќе им додели грантови за да отворат ординации, како и дека сите оние млади лекари кои се на специјализација, а кои живеат надвор од […]

Мета факт: Во зародиш е ветувањето за нова административна зграда, младински центар и подземен паркинг во Дебар Маало

март 7, 2023

Градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година пред граѓаните вети дека населбата Дебар Маало ќе добие нов лик преку изведба на нова општинска зграда со Младински центар, подземен паркинг и ново шеталиште со парк. Ова предизборно ветување е во самиот зародиш на […]

Мета-факт: Не се гасифицирале 3.000 домаќинства за две години

февруари 28, 2023

Нема нови 3.000 домаќинства кои се поврзани на гасоводната мрежа и кои добиле можност природниот гас да го користат за затоплување на домовите. Амбициозната цел поставена во Планот за чист воздух, кој требаше да се реализира до 2020 година, како одговор на екстремното загадување на воздухот во земјава, не е ниту блиску до реализација. Според […]

Мета факт: Неисполнето е владиното ветување за приклучување на 10.000 нови домаќинства на скопското парно

февруари 14, 2023

Македонската влада со Планот за чист воздух, односно Програмата за намалување на аерозагадувањето, на крајот од 2018 година на граѓаните им вети дека во текот на 2019 и 2020 година на тогашниот топлински оператор БЕГ ќе бидат приклучени 10.000 нови домаќинства во Скопје, а топловодната мрежа во Скопје ќе биде проширена. Ова владино ветување до […]

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

февруари 10, 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов […]

Мета-факт: Охрид минатата година доби мерна станица за загадување на воздухот, но не и Штип

февруари 7, 2023

Министерството за животна средина минатата година вети отворање на две нови мониторинг станици во Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух во Охрид и во Штип, а во буџетот за 2022 година беа предвидени и финансиски сретства за оваа намена. Во текот на минатата година оваа институција го отвори мерното место во Охрид, […]

Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кому му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

јануари 31, 2023

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна „Програма за модерно Скопје“ пред одржувањето на локалните избори во 2021 година како едно од клучните ветувања што ги даде пред граѓаните беше чистењето на сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиното доаѓање на власт. Екипа на Мета.мк во текот на јануари 2023 година беше на […]

Мета факт: Ветениот ученички дом во Струмица чека на изградба, активностите се во тек

јануари 23, 2023

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во периодот пред локалните избори во 2021 година, вети изградба на нов ученички дом во дворот на училиштето за средно образование „Димитар Влахов“. Во овој момент дом на таа локација нема, но, во тек се активностите за изградба и се работи на ова ветување, па врз основа на тоа, исполнувањето […]

Мета факт: Ги нема ветените униформи и таблети за штипските ученици, проектори има, но само во некои училници

јануари 17, 2023

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, во својата предизборна програма насловена како „За Штип гарантираме, создади нова иднина“, има ветено дека до крајот на 2022 година ќе набави нови компјутери/таблети за секое дете. Освен тоа, Јорданов до крајот на 2022 има ветено и дека ќе набави и униформи за учениците од основното образование, како и […]

Мета факт: Неисполнето ветувањето на градоначалникот Бобан Стефковски за изградба на спортски центар на Вардариште

јануари 10, 2023

Актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година вети чистење на отпадот од Вардариште и изградба на спортско-рекреативен центар на оваа локација. Ваквите изјави на градоначалникот Стефковски се невистинити. Претворањето на Вардариште во спортско-рекреативен центар не се случи, а на некои […]

Мета факт: Споровозно се исполнува ветувањето за чистење на депониите во Источен и Североисточен регион

јануари 3, 2023

Од 2020 година до денес, во континуитет се одолговлекува чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион. Причините за одложувањето беа од изборот на компании и надзор над работите што ќе ги чистат депониите, преку потребата од изработка на неопходната урбанистичка документација од општините за овие локации, до проблематизирањето на […]

Мета факт: Град Скопје не обезбеди бесплатни менструални производи за средните училишта

декември 27, 2022

На крајот на декември минатата година Советот на Град Скопје, по предлог амандман предложен од страна на советничката Теодора Крстевска, изгласа да се одвојат 2.000.000 денари од буџетот на градот кои ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни менструални производи за средните училишта. „Амандманите не изискуваа огромни финансиски импликации и беа исклучиво во служба на […]

Мета факт: Сè уште ги чекаме владините субвенции за набавка на хибридни и електрични возила

декември 20, 2022

Во државниот буџет за 2023 година не се предвидени финансиски средства за субвенции за граѓаните за набавка на хибридни и електрични возила, иако ваквото ветување беше дадено од македонската влада уште при крајот на 2018 година. Владата на 15 ноември 2018 година вети воведување на субвенции за набавка на електрични и хибридни возила, со рок […]

Мета факт: Средношколците не ги добија ветените таблет-компјутери, постапката е во тек

декември 13, 2022

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“ вети дека сите ученици во училиштата за средно образование и сите професори ќе добијат таблет-компјутери, како и дека за користење на опремата, наставниот кадар ќе биде обучен. На ова ветување, наводно, од град Скопје во моментов се работи, па затоа го […]

Мета факт: Не се исполни ветувањето на министерот Бектеши за забрана на увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард

декември 6, 2022

Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дадена на крајот од јануари 2021 година дека во Северна Македонија лани ќе се забранел увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови е невистинита. Заострувањето на критериумите за увоз на половните возила во земјава не се случи во 2021 година, ниту пак […]

Страна 4 од 5