fbpx

Ќе заседава Советот за безбедност, Спасовски вели земјата е стабилна

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски

-

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски. Тој, за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 посочи дека тема на средбата ќе бидат најновите случувања на Блискиот Исток и во Украина, но и на северот на Косово каде што земјава има свој контингент војници којшто треба да се зголеми по барање на НАТО.

„Ги усогласуваме агендите со првите луѓе од Владата бидејќи тие мора да бидат присутни и претпоставувам дека до крајот на овој месец ќе го свикаме Советот за безбедност“, рече Пендаровски.

На темата безбедност во интервју за „Гласот на Америка“, зборуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој информираше дека во моментот состојбата е стабилна и безбедна.

„Факт е дека глобалните геополитички случувања, пред сѐ, руската агресија врз Украина и случувањата помеѓу Израел и Палестина, меѓутоа и тензиите на северот на Косово имаат сериозно влијание врз состојбите, претежно во областа на безбедноста. Токму заради тоа, не само МВР, туку генерално и сите безбедносни служби и агенции во рамките на Република Северна Македонија преземаат сѐ на дневна основа за да можеме да ја одржиме состојбата безбедна и стабилна и, секако, согласно на сѐ она што може да има импликации да превенираме било какво нарушување на безбедноста. Во моментот состојбата е стабилна, безбедна, немаме некакви индиции за можно нарушување”, рече министерот Спасовски.

Посочи дека и членството во НАТО влијае позитивно врз безбедноста во државата, бидејќи сме дел од најголмиот воено-политички сојуз, со силни партнери со кои заедно работиме за задржување на нашата, регионалната и глобалната безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...