fbpx

„Имиња” на Јане Спасиќ ќе се прикажува на фестивалот „Синемед“ во Монпелје

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири.

-

Краткометражниот игран филм „Имиња” на режисерот Јане Спасиќ е избран во официјалната селекција на 45-тото издание на Меѓународниот медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција, што се одржува до 28 Октомври. Филмот ќе има две проекции, на 23 и 27 Октомври, а по втората проекцијата ќе следува и разговор со режисерот.

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. „Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на Арт проект лаб Скопје, со поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а домашната премиера на филмот се одржа во рамките на 22-то издание на СИНЕДЕЈС фестивалот во Скопје.

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...