Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување

Фото: Перипетија продукција

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области, како и да бидат дел од кампот кампот во Скопје од 27 до 31 август, заедно со свои врсници од Грција и Србија.

„Освен тоа, младите ќе учествуваат во креирањето виртуелната платформа во соработка со нивни врсници, ќе учествуваат на „Фидбек“ кампот со групите врсници, кој ќе се одржи во Белград во 2025 година, со целосно покриени трошоци“, информираат оттаму.

Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности.

Повеќе информации за проектот кој е финансисран од Европската Унија и Министерството за култура, може да се најдат овде.