петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: театар | 83 резултати

Фестивалот во природа „Вртешка интердисциплинарни активности“ ќе се одржи на Плачковица на крајот на месецот

август 15, 2024

Третото издание на фестивалот „Вртешка Интердисциплинарни Активности“ (ВИА) – Open Source ќе се одржи од 27 до 31 август на планината Плачковица. Активностите на фестивалот ќе се одвиваат околу планинарскиот дом „Вртешка“, кој се наоѓа 1090 метри надморска височина. „ВИА е уметничка резиденција и фестивал која оваа година обединува повеќе од 40 млади уметници, креативци […]

Доделени наградите на МТФ „Војдан Чернодрински“

јуни 15, 2024

На Прилеп му треба театарска зграда. Да не дозволиме материјалното да му го заземе местото на духовното, да не дозволиме излишните луѓе да ги истиснат и да им го заземат местото на оние што му требаат на секое општество, рече во своето обраќање режисерката Зоја Бузалковска, при врачувањето на наградите на 58-то издание на Македонскиот […]

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

април 18, 2024

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области, како и да бидат дел од кампот кампот во Скопје од 27 до […]

Претставата „Аудиција“ за Светскиот ден на театарот во Прилеп

март 26, 2024

Со изведбата на претставата „Аудиција“ во режија на Владимир Милчин, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре ќе го одбележи 27 март, Светскиот ден на театарот. Влезниците за претставата се бесплатни и ќе можат да се подигнат утре на билетарницата на театарот, еден час пред изведбата која почнува во 19 часот и 30 минути. „Во горчливата комедија […]

Театарскиот перформанс „Лилит“ утре во КСП Центар – ЈАДРО

февруари 21, 2024

Утре со почеток во 20 часот во КСП Центар – ЈАДРО ќе се одржи театарскиот перформанс „Лилит“. Перформансот е првата фаза од театарското истражување насловено „Notebook of Silence“, соработка помеѓу Алесандро Ола, Јасмина Билаловиќ и Јелена Вуксановиќ. Првата фаза од реализацијата на проектот е базирана на текстот на Ришард Ниечим и неговото повеќедецениско искуство на […]

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре одбележува 74 години од формирањето

февруари 16, 2024

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп утре ќе прослави 74 години од формирањето – завесата првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведба на претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Од овој театар информираа дека годишнината ќе биде одбележана со изведба на најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст […]

Вечерва во „Котур“ премиера на перформансот „Два пати Мери“

февруари 5, 2024

Вечерва во „Котур кафе и филм“, ќе се одржи премиерата на перформансот „Два пати Мери“. Тоа е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. „Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи […]

Орден за заслуги за Оливера Николова, Ристо Вртев, Слободан Унковски и други

јануари 30, 2024

Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. На културните работници им беше оддадена оваа почит во свечена церемонија во Филхармонијата вчеравечер. Од музичкиот свет беше почестен Ристо Вртев, култен македонски […]

„Види, летам!“ – Искуства на бегалци и лица без државјанство преку новата театарска претстава

ноември 1, 2023

„Види, летам!“ е најновиот театарски проект на независниот Вондерленд театар, кој претставува истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство. Премиерата на претставата е закажана за 7 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), со почеток во 19:00 часот. Изработена од драматургот Ана Трпеноска, проектот […]

Претставите „My Name is Medeja“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ доминираа на „Војдан Чернодрински“

јуни 16, 2023

Претставата „My Name is Medeja“ во изведба на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународното жири во состав Јанко Љумовиќ, Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ доделија вкупно 15 награди, при што не е доделена наградата за текст. […]

„Циркус Пирандело“ и „Човек перница“ гостуваат на „Чернодрински“ во Прилеп

јуни 13, 2023

Богата фестивалска програма ќе содржи петтиот ден на 57. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси, се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“. Во 10 часот ќе биде […]

Театарска магија на 57-то издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

јуни 10, 2023

Бројна прилепска публика и почитувачи на театарската уметност вчера присуствуваа на отворањето на 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Враќање дома“. Предвестие на официјалниот дел беа живите статуи на „Театроск“ и настапот на скомрахите во изведба на […]

Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при во Никшиќ

ноември 14, 2022

Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при наградата за најдобра машка улога на 18-тиот Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора. Ристановски ја доби наградата за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ). Оваа награда на Ристановски […]

Нова епизода на „Шорткат“: Расте интересот кај младите да бидат оџачари

ноември 10, 2022

Расте интересот кај младите за да бидат оџачари. Како изгледа чистењето оџаци на терен и какво е искуството што го стекнуваат учениците преку неформалното образование дознаваме во новата епизода на „Шорткат“, каде, покрај учениците кои се дел од обуките, зборува и единствената дипломирана оџачарка во земјава – професорката Јасмина Атанасова Симјановска и претседателот на Оџачарската […]

Фестивал на приказни за деца и млади „Крошна” попладнево и вечерва во Скопје

октомври 29, 2022

Првото издание на Фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“ ќе се одржи попладнево и вечерва на пет локации во Скопје. Главната замисла на овој настан е да открие пред младата публика како читателското искуство одекнува и се преобразува низ други медиуми, како раскажувањето и сценските уметности. Сите добро знаеме дека читањето убава литература […]

Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

август 16, 2022

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк. Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе […]

„Нема да биде крај на светот“ доби награда за најдобра претстава на фествал во БиХ

јуни 13, 2022

Претставата „Нема да биде крај на светот“ е прогласена за најдобра претстава од страна на новинарското жири на фестивалот „БиХ драма Зеница“ во Босна и Херцеговина. Копродукцискиот проект помеѓу Македонскиот народен театар (МНТ) и Сараевски ратни театар (САРТР) е на авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. „Претставата „Нема да биде крај на […]

Претставата „Ништо не е страшно“ е победник на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

мај 30, 2022

Претставата „Ништо не е страшно“ во изведба на театарот „Пи“ од Скопје ја доби наградата „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 59. издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), којшто од 23 до 29 мај се одржа во Кочани. По двегодишни „вонредни“ изданија на еден од најстарите фестивали во Македонија поради ковид пандемијата, годинава публиката во […]

Александар Поповски награден од ЈДП за најдобра режија за „Алиса во земјата на стравовите“

април 4, 2022

Трети април се одбележа како ден на Југословенското драмско позориште (ЈДП), којшто вчера прослави и 74 години од премиерата на првата одиграна театарска претстава. По повод роденденот на театарот, вчера се одржа настан за доделување на наградите за придонеси кон театарот во 2021 година, пишува српскиот портал rs.n1info.com. На свечениот настан беа присутни редовните членови […]

Ана Стојаноска и Питер Селарс се автори на македонската и светска театарска порака по повод Светскиот ден на театарот

март 21, 2022

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година. Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор […]

Страна 1 од 4