вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет за безбедност | 60 резултати

Сeдница на Советот за безбедност в среда, ќе се дискутира за безбедноста во државата

октомври 30, 2023

В среда, во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 19. седница на Советот за безбедност, информираат оттаму. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. Од кабинетот информираат дека на седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко […]

Јутарњи лист: САД бара екстрадиција за сите осомничени во аферата „Бањска“, Вучиќ шокиран

октомври 25, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа шок на седницата на Советот за безбедност посветена на односите меѓу Србија и Косово, откако САД побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска“, поврзан со конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар […]

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

октомври 23, 2023

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која […]

Ќе заседава Советот за безбедност, Спасовски вели земјата е стабилна

октомври 21, 2023

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски. Тој, за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 посочи дека тема на средбата ќе бидат најновите случувања на Блискиот Исток и во Украина, но и на северот на Косово каде што земјава има свој контингент војници којшто треба да се […]

Пендаровски ќе го свика Советот за безбедност поради состојбата во регионот и на Блискиот Исток

октомври 20, 2023

Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека во наредните седум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, односно конфликтот Хамас – Израел. „Некои викаат тоа е […]

Зеленски пред самитот на ОН се чуди што уште Русија бара таму

септември 19, 2023

Само неколку часа пред почетокот на заседавањето на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека меѓународното тело треба да одговори зошто уште дозволува Русија, која изврши инвазија на Украина, да биде дел од организацијата, јави „Асошиејтид Прес“. Зеленски изјавата ја даде посетувајќи ранети украински војници во болница […]

Новиот „Сноуден“ и Договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“ го одбележаа април во (дез)информациска смисла

април 29, 2023

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на април. Покрај ова,  продолжија и стандардните дезинформациски наративи пред сè од […]

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

јануари 24, 2023

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев. Седницата на Советот уследи по испадот […]

Пендаровски: Ако од бугарска страна пак се спори идентитетот, да се повлечеме од преговорите

јули 3, 2022

По денешната средба со членовите од Советот за безбедност, кажав дека откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам во заклучоците на Влада, да стои дека од денот кога ќе ги зaпочнеме и завршиме преговорите, ако има дополнителни обиди од бугарските власти повторно да споменуваат прашања за македонската историја и идентитет, да не чекаме друг […]

Пендаровски: Срам за нашата држава беа сликите кои ги гледавме минатиот викенд во Србија

март 30, 2021

По одржувањето на 12-тата седница на Советот за безбедност на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, Претседателот на РСМ Стево Пендаровски во изјавата после седницата рече дека државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување, ниту пак да се повторат сликите од изминатиот викенд кога […]

Советот за безбедност утре ќе одржи седница, ќе се разговара за ковид-19 пандемијата

март 29, 2021

Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. „На седницата […]

Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

март 12, 2021

Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и геостратегиска положба. Toa го соопштија од Кабинетот на […]

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена

ноември 20, 2020

На вечерашната 23. седница, којашто се одржа видеоконференциски, Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје поради пандемијата на ковид-19. Одлуката е на сила во следните 30 дена. Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со […]

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи кризна состојба на целата територија во траење од 30 дена

ноември 19, 2020

Советот за безбедност на денешната 10. седница ѝ предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата држава во траење од 30 дена, информираше претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на која се разговараше за состојбата со ковид-19. Пендаровски оваа состојба ја оцени за исклучително сериозна и оттука предлогот за […]

Советот за безбедност утре ќе одржи седница поради состојбата со ковид-19

октомври 28, 2020

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре, 29 октомври 2020 година, со почеток во 11:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе одржи седница, информираат од претседателскиот кабинет.  „На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот […]

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

мај 30, 2020

„Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба, која ќе започне да важи од утре. Сакам посебно да нагласам дека одлуката е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на владата […]

Спасовски: Ќе направиме се за функционирање на институциите и одржување на изборите

мај 30, 2020

„Една од причините за новите 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по денешниот состанок на […]

Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

мај 15, 2020

Претседателот Стево Пендаровски по одржаната седница на Советот за безбедност соопшти дека вонредната состојба во земјава ќе се продолжи до 30 мај. Тој ќе потпише трета одлука за прогласување на вонредна состојба, но овој пат таа ќе трае само 14 дена. Овој период ќе биде доволен за спроведување на економските мерки и за справување со […]

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

мај 14, 2020

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – […]

Пендаровски: Во моментов нема потреба од прогласување вонредна или кризна состојба на целата територија

март 17, 2020

Советот за безбедност на вчерашната седница проценил дека во моментов нема потреба да се прогласува вонредна или кризна состојба на целата територија на државата, заради справување со корона вирусот, изјави претседателот Стево Пендаровски. – Заклучокот на Советот за безбедност во однос на целокупната ситуација и во однос на она што министерот за здравство го изнесе […]

Страна 1 од 3