fbpx

Кавадарчанка и жител на Тетовско измамени за кредит и бугарски документи

Жената од Кавадарци била измамена од лице што ѝ се претставило како претставник на странска банка, а младиот жител на тетовско бил измамен од кочанчанка која му ветила бугарски документи, но само му ги земала парите

-

Двајца измамени во текот на вчерашниот ден регистрирал билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Утрото околу 9 часот во кавадаречката полициска станица, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамено од едно лице. Лицето ѝ рекло дека е претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Според пријавеното, кавадарчанката во текот на месецот на лицето во неколку наврати му уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој побарал да префрли уште пари, при што таа не добила ништо и сфатила дека е измамена.

Во 12 часот напладне, пак, во СВР Тетово, 25-годишен жител на тетовско село пријавил дека во 2022 година, женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, па за возврат ѝ платил одреден паричен надомест. Како што информирал, тој досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите.

Од МВР соопштија дека се работи на расчистување на двата случaи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...