fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Болницата во Тетово не доби Универзитетски клинички центар, ниту нов објект, како што вети ДУИ

Предизборните ветувања во 2020 година на Демократската унија за интеграција (БДИ) за Болницата во Тетово не се реализираа како што беше ветено. На прашањато на Порталб.мк зошто не ги исполниле ветувањата од својата програма, ДУИ молчи, пишува Порталб.мк. Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори, со која се претстави ДУИ, за Болницата во Тетово на страна 144, 145 и...

Во својот мандат ДУИ ја остава Попова Шапка како што ја најде, без ветената „голема“ инвестиција

Предизборните ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за 2020 година за различни инвестиции и подобрување на условите на туристичкиот центар Попова Шапка не се реализирани. На прашањето на Порталб.мк зошто не се реализирани дадените ветувања, ДУИ молчи. Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори со која настапи ДУИ, во делот за развој на туризмот, на страница 115, се...

ДУИ не го исполни предизборното ветување, основните училишта во Тетово ги остави без спортски сали

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк. Во изборната програма 2020-2024, на последните парламентарни избори со која настапуваше ДУИ, во делот за капиталните проекти во образованието се спомнува изградбата на осум спортски сали...

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...

Отворените денови се начин да покажеме како инвестираме во безбедностa, рече Петровска во Тетово

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на приказот на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови кои се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. Членството во НАТО,...

Се раскинува договорот за фабриката за електрични автомобили во Тетово

Тетово, сепак, засега нема да стане дом на фабриката за производство на електрични автомобили „е.Го“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), како застапник на Владата во договорот за доделување на државна помош со компанијата, вчера информираше дека договорот се раскинува. Се запира и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства. Од ТИРЗ рекоа дека запирањето на државната помош...

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти, ниту словенечката компанија „Заубермахер“ која се занимава со управување со отпадот. На граѓаните им е веќе преку глава од ваквата состојба, пишува Порталб.мк. Во градот има десетици депонии создадени среде улици...

ДУИ: Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами, блиски со Движењето Беса

Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами кои се блиски до раководството на оваа општина и на Движењето Беса. Ова беше реакцијата на Демократската унија за интеграција денес во врска со случајот за милионските тендери на општина Тетово доделени на три фирми: Еко-Пеу, Ереу-Транс и Мујо Бајрами, за кои објави Порталб.мк пред два дена. https://meta.mk/milionski-tenderi-od-opshtina-tetovo-za-firmi-na-semejstvoto-bajrami/ Од ДУИ...

Детали од договорот за тунелот на патот Тетово-Призрен: Само проектирањето за неговата изградба трае година и пол

„Ксмет, за две-три години ќе патуваме заедно од Призрен до Тетово само за да пиеме кафе“ - вака му рече премиерот Албин Курти на 13 ноември 2021 година во едно пропагандно видео за локалните избори во Косово, на тогашниот кандидат за Општина Призрен, Митахер Хаскука, кој му вратил „на кафе, боза и баклава“. Планираното патување на Курти со Хаскука и...

Мензата и интернетот – нерешени проблеми во тетовскиот студентски дом, Шаќири вели дека набрзо ќе се решат

И покрај тоа што објектот беше пуштен во употреба пред околу четири месеци, во студентскиот дом во Тетово сè уште не е пуштена во употреба мензата, а проблем останува и интернетот бидејќи го нема во сите простории на домот. Веќе подолго време, студентите за Порталб.мк се жалат за овој проблем, а денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири...

Пендаровски: Ќе го потпишам Законот за игрите на среќа, ако пратениците го усвојат со 61 глас

Откако вчера одлучи да не го потпише Указот за измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри што Собранието го усвои на 7 февруари по скратена постапка, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска од Тетово рече дека постапил на тој начин поради сериозноста на индикациите од страна на ЕУ, дека се злоупотребува можноста на усвојување...

Започна изградбата на обиколница Тетово

Во близина на населеното место Требош денеска се означи почетокот на градежните работи за изградба на обиколница Тетово, која од автопатот кај Требош ќе се протега до селото Непроштено. Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се гради обиколницата од 5,4 километри со две ленти од по три метри од клучката кај н.м Требош до Непроштено, а...

Тетово се труе од загадениот воздух, бројките се алармантни [инфографик]

Од минатата недела жителите на Тетово одново дишат многу загаден воздух. Бројките за загаденоста на воздухот го надминаа прагот на алармирање. Просечната вредност на ПМ 10 честичките од 1 до 7 февруари била 134,85 μg/m3, а просечната дневна вредност на ПМ10 не треба да надмине 50 микрограми на метар кубен. Просечната вредност на ПМ2,5 честички за овој период е...

Кавадарчанка и жител на Тетовско измамени за кредит и бугарски документи

Двајца измамени во текот на вчерашниот ден регистрирал билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Утрото околу 9 часот во кавадаречката полициска станица, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамено од едно лице. Лицето ѝ рекло дека е претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка....

„Пинг-понг“ со одговорноста за изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово

На фабриката за електрични автомобили „Некст.Е.Го“ во Тетово не ѝ се гледа крајот, иако камен темелникот за истата беше фрлен пред година и пол. Работите на терен се влечкаат. За ова, надлежните институции изгледа не се грижат многу - не кажуваат каде е заглавена оваа постапка, а одговорноста ја префрлуваат едни на други, додека некои други и молчат, пишува...

Случајот за пожарот во модуларната болница заборавен во фиоките на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Иако поминаа повеќе од пет месеци откако Јавното обвинителство на 14 август објави дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори уште еден предмет за пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 лица, денес од оваа институција не даваат детали до каде е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно, пишува Порталб.мк. Ниту од Јавното обвинителство, ниту...

Провалник фатен на дело во обложувалница

Тетовската полиција ноќеска фатила провалник на дело во обложувалница. Станува збор за С.Н.(32) од Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата во Тетово и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

(ГАЛЕРИЈА) Тетово меѓу највалканите европски градови, а не меѓу најчистите, како што вети Касами

Конечно, од 1 јануари Тетово ќе биде еден од градовите во групата европските градови познати по чистотата и по управувањето со отпадот, изјави градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, на 29 декември 2023 година, повикувајќи се на договорот со словенечката компанија на групацијата „Заубермахер“ за управување со отпадот во Тетово. Но, сликата на терен, речиси две недели по 1...

Настанот со малолетникот од Тетово кому му пукнала петарда во устата, не е регистриран во билтенот на МВР

За време на новогодишната ноќ на малолетник во Тетово му пукнала петарда во устата и детето било однесено во болница. Но, наспроти известувањето на повеќе медиуми дека во „билтенот на СВР Тетово се нашол настанот со малолетник кому во устата му пукнала петарда“, таков настан не бил пријавен во полиција, МВР, ниту пак, го има полицискиот билтен, пишува „Вистиномер“...

На местото на двојното убиство во Челопек биле пронајдени три пиштоли

Јавниот обвинител и увидната екипа на СВР Тетово при увидот на местото на двојното убиство во Челопек пронашле три пиштоли, информираат од СВР Тетово. Во вчерашното двојно убиство што се случи во селото Челопек биле убиени татко и син на возраст од 52 и 28 години, а полицијата го лиши од слобода 59-годишното лице И.И. кое било во роднинска...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...