сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Евротинк | 31 резултати

Шумите ни страдаат оти ги чуваат многу малку луѓе со оскудна опрема

октомври 7, 2021

Да се инвестира во превенција од пожари и нелегална сеча на дрва, да се опремат противпожарните бригади со нови возила и повеќе човечки кадар, да се модернизираат шумската полиција и шумочуварите, а во системот на заштита на шумите да се внесат нови технологии. Тоа се главните заклучоци од јавната дискусија насловена „Справување со заканите против […]

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

август 5, 2021

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но […]

В понеделник ќе се одржи онлајн конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

јуни 25, 2021

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата […]

Еврометар: Поддршката за членство во ЕУ останува силна и бележи раст

април 8, 2021

Над 70 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е добра и корисна работа, процент што е уште повисок во споредба со минатата година, покажаа резултатите од истражувањето Еврометар на Евротинк – Центарот за европски стратегии. Истражувањето се спроведува традиционално од 2014 година. „Последните податоци кажуваат дека најголемиот дел од граѓаните остануваат силни поддржувачи […]

Евротинк: 65,9 проценти од граѓаните во земјава би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ

декември 30, 2020

Во споредба со лани, годинава е зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа” (67,3 отсто) и „корисна работа” (70 отсто), покажуваат податоците од анкетното истражување Еврометар на Евротинк – Центар за европски стратегии, кое е поврзано со евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции. „Дополнително се зголемени и […]

Почнува претставувањето на локални проекти за медиумска писменост и критичко мислење поддржани од Кри Тинк

септември 28, 2020

Со денешниот онлајн настан закажан за 11 часот, почнува серијата претставувања на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019г. до јуни 2020 година. Проектот „Кри Тинк“ го спроведуваат Фондацијата […]

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

ноември 14, 2019

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки […]

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ ќе организираат повеќе настани за време на Деновите на медиумска писменост

октомври 22, 2019

Членките на македонската Мрежа за медиумска писменост (ММП) ги претставија настаните кои ќе се одржат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2019. Граѓаните ќе можат да учествуваат во триесетина различни активности во периодот од 22 октомври до 15 ноември со кои нашата земја се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на медиумска и информациска […]

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

јуни 24, 2019

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на […]

Презентиран повикот од проектот „КриTинк“ за грантови за медиумска писменост

јуни 19, 2019

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ денеска пред претставници на граѓански организации од Скопскиот плански регион ги презентираше можностите за доделување грантови на организации за нивни проекти за развој на медиумската писменост. Повикот за добивање грантови е распишан на 31 мај, […]

Утре информативна сесија за мали грантови на „КриТинк“ за скопскиот плански регион

јуни 18, 2019

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“– Центар за европски стратегии, ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Скопскиот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Информативната сесија ќе се одржи утре во 11:00 […]

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

април 18, 2019

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ – Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот […]

Истражување: Младите многу малку внимателно читаат и размислуваат

март 11, 2019

Поголем дел од младите имаат релативно добри познавања и вложуваат соодветни напори да откријат дали некоја вест или друга медиумска содржина содржи дезинформација, но испитувањето на нивната способност за логичко размислување и внимателно читање покажуваат дека само 1 од 100 ги исполнува критериумите за такво нешто. Тоа го покажа новото истражување спроведено преку проектот „Со критичко […]

Транспарентност и граѓанско учество во преговорите со ЕУ бараат „Евротинк“ и „Социетас цивилис“

декември 13, 2018

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Центарот за европски „Евротинк“ денеска побараа подобар модел за преговори со ЕУ, како и поголемо учество на Собрранието и на граѓанското општество. Овие два аналитички центри бараат и поголема транспарентност на Владата за преговарачката структура, како и за критериумите за лицата кои ќе бидат вклучени во неа. „Потребна е […]

Студентите порачаа: Не верувајте на сè, проверувајте ги информациите

ноември 7, 2018

Со голем, студентски митинг, десетина студенти од  прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со инспиративни говори на стотина свои колеги на платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ им ја пренесоа пораката дека секој граѓанин мора да ги совлада барем основите на медиумската писменост, односно да бидат свесни дека не секогаш сите информации што […]

Студентски митинг „Не биди медиумска мета“ во УКИМ утре

ноември 6, 2018

Со почеток во 11 часот утре, на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи хепенинг „Не биди медиумска мета“, во рамки на одбележување на Eвропската недела на медиумска писменост. Настанот,  претставен како студентски митинг, е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“ кој се спроведува од Македонскиот институт за европски студии […]

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

октомври 19, 2018

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк – центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот […]

Граѓанска кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“

септември 10, 2018

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“ денеска со првото издание на весникот „ЕУрека“, кој бесплатно ќе се дели на фрекфентни места низ целата држава, ја започна информативната кампања со која во следните недели ќе се обиде на граѓаните да им понуди информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО. Под слоганот „Зачекори […]

Информативни сесии низ Македонија за повикот за грантови за проектот „КриТинк“

јуни 8, 2018

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии ги покануваат заинтересираните локални граѓански организации и медиуми да учествуваат на информативни сесии за Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Конкурсот за мали грантови е првиот од двата […]

Утре во ААВМУ ќе се одржи презентација на Мрежата за медиумска писменост

јуни 6, 2018

Утре, на 7 јуни 2018 година во 12 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи состанок и презентација на Мрежата за медиумска писменост http://mediumskapismenost.mk/. На состанокот ќе се претстават трите проекти за медиумска писменост кои ќе ги спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“, МИМ и МОФ, а кои […]

Страна 1 од 2