Comments are closed.

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

Тука влегуваат сите инвестиции што ги прават сите државни институции, потоа 80 општини плус Градот Скопје, како и целиот бизнис сектор

-

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека државата, заедно со македонските општини и компаниите, лани вложиле само 5,7 милиони евра, во кои влегуваат и трошоците за одржување на средствата за животната средина. За инвестиции за почист воздух во 2022 година биле издвоени скромни нешто над 3,9 милиони евра. Тука влегуваат сите инвестиции што ги прават сите државни институции, потоа 80 општини плус Градот Скопје, како и целиот бизнис сектор.

Воедно, статистичките бројки покажуваат дека аерозагадувањето е приоритет број 4 во делот на животната средина, и тоа по управувањето со отпадните води, постапувањето со отпад и циркулациските системи за снабдување со вода. За спречување на загадувањето на водите во земјава лани биле издвоени околу 45,2 милиони евра. За постапувањето со отпадот се издвоени 38,1 милиони евра, вклучувајќи ги тука и трошоците за одржување на средствата за животна средина.

Овие бројки се многу помали од инвестициите што се неопходни за клучните проекти, па така изградбата на скопската пречистителна станица ќе чини околу 200 милиони евра, а средствата што лани сме ги потрошиле за управување со отпадните води се над 4 пати помали од оваа сума. Исто така, за изградба на регионалната депонија за отпад за Источниот и Североисточниот регион е проценето дека ќе бидат потрошени околу 40 милиони евра, што е повеќе од целокупната минатогодишна сума издвоена за постапување со отпадот во земјава.

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика за минатата година посочува дека во заштита на почвата, површинските и подземните води во 2022 година биле издвоени 1,7 милиони евра. Оваа сума, на пример, е многу пониска и од сумата што е неопходна за чистење само на малата депонија со линдан во ОХИС, а камоли за сите останати жешки еколошки точки во земјава.

И кај заштитата на биодиверзитетот и природата, лани сумата Македонија ја издвоила за оваа намена е нешто над 1,8 милиони евра. Државниот завод за статистика нема податоци за 2022 година во однос на тоа колкави биле инвестициите и трошоците за заштита на шумите, како и за лов и риболов во земјава.

Дека се издвојуваат скромни средства за заштитата на животната средина, говорат и збирните суми за инвестиции и трошоци за животната средина што биле издвоени во изминативе неколку години, за што Мета.мк веќе има пишувано. Па така, севкупно за животната средина во 2022 година како држава сме издвоиле 127,2 милиони евра, од кои како инвестиции во заштита на околната средина сме потрошиле 82,4 милиони евра.

Ваквите податоци за минатата година не означуваат отстапување од просекот од претходните години, бидејќи инвестициите и трошоците за животна средина што се издвојувале на годишно ниво меѓу 2013 и 2021 година биле помеѓу 72,4 и 182,6 милиони евра.

Инаку, македонските власти треба допрва да инвестираат на крупните инфраструктурни проекти во животната средина, кои треба да обезбедат прочистување на воздухот, зголемување на квалитетот на водите и помалку загадени почви. Во делот на управувањето со отпадни води, допрва треба да се градат пречистителните станици во поголемите градови, како што се Скопје, Битола и Тетово.

Во делот на управувањето со отпадот, Македонија досега нема изградено ниту една регионална депонија според стандардите на Европската Унија, за што во понеделникот во интервју за Мета.мк зборуваше и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Голем проблем е и решавањето на жешките еколошки точки, каде што во моментов чистење на опасните расфрлани материи и санација на теренот имаме единствено кај малата депонија со линдан во ОХИС.

1 КОМЕНТАР

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија...

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република...