среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: загадување на водите | 28 резултати

Ја уништуваме природата: Лани пораст на испуштените непречистени отпадни води [инфографик]

јули 2, 2023

Пречистителните станици во дел од македонските општини лани не си ја вршеле својата дејност во континуитет. Ова е заклучокот од најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2022 година, кои покажуваат алармантен пораст на отпадните води кои непречистени се вливаат во реките, езерата, подземните води и акумулациите во Македонија. За само една година, […]

Жителите на Пробиштип со децении живеат со тешки отровни метали пред нивните домови [галерија]

јуни 30, 2023

Олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како бакар сулфат, натриум цијанид, калиум амил ксантат, калциум оксид и калциум карбонат се само дел од опасните состојки кои ги содржи старото хидројаловиште во Пробиштип. Тешките метали кои се опасни по човековото здравје се лоцирани во самиот град, на стотини метри воздушна линија од […]

Само 15,5 отсто од индустриските води лани биле испуштени во природата како прочистени

мај 31, 2023

Минорни 15,5 отсто од индустриските води што биле испуштени во природата во 2022 година биле прочистени, покажува најновиот извештај „Користење и заштита на водите од загадување во индустријата“ на Државниот завод за статистика. Статистичките податоци покажуваат дека од 5 милиони метри кубни испуштени води од секторот Рударство и вадење камен, дури 2 милиони метри кубни […]

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

април 13, 2023

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала […]

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

декември 13, 2022

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за […]

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

октомври 18, 2022

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри […]

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

октомври 4, 2022

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод […]

Државата ќе изработува физибилити студија за чистење на арсенот во Лојане и Табановце

јули 20, 2022

Пред да се избере новиот концесионер што би го исчистил арсенот од Лојане и Табановце, Министерството за економија најпрво ќе мора да изработи физибилити студија за оправданост на доделувањето на нова концесија, постапка која е задолжителен чекор во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, велат за Мета.мк од Министерството за економија. […]

Депонијата со гипс кај велешкото село Згрополци заборавена од надлежните, иако е жешка еколошка точка [фото]

јули 7, 2022

Околу 3,7 милиони тони отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес (ХИВ) се лоцирани во ридиштата во близина на велешкото село Згрополци. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава, која е лоцирана покрај стариот пат Велес-Градско, на околу 1,5 километри надвор од некогашната фабрика. Иако е категоризирана како локација со […]

Над 60 отсто од фекалиите завршувааат непречистени во реките и езерата, се чекаат пречистителните станици [инфографик]

јуни 30, 2022

Количеството на отпадни води што ги создале македонските домаќинства и компании во 2021 година се зголемило, но и понатаму 62 отсто од создадените фекалии во земјава се вливаат како непречистени во реките, езерата и подземните води и го загадуваат водното богатство на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), само 38 отсто од […]

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

јуни 24, 2022

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) […]

Порталб: Туристичката сезона започна, отпадоци пливаат во Дебарското езеро (ВИДЕО)

јуни 23, 2022

Лежалките се поставени, дебарчани се подготвуваат за летната сезона. Но, убавиот впечаток на оваа туристичка атракција се расипува од отпадот во дивите депонии близу селата покрај реката Радика. Граѓаните бараат решавање на овој проблем, бидејќи предизвикува еколошка катастрофа на Дебарското езеро, пишува Порталб.мк. Пластични шишиња и друг отпад може да се видат во Дебарското езеро, […]

Огромни 85,8 отсто од отпадните индустриски води се испуштаат непрочистени во природата [инфографик]

јуни 13, 2022

Испуштените води од индустријата во земјава во огромно мнозинство се вливаат како непречистени во македонските реки, езера и акумулации. Овој алармантен податок го објави Државниот завод за статистика и за 2021 година. Од вкупно испуштените води од индустријата, само 14,2 отсто лани биле пречистени. Преостанатите 85,8 отсто од индустриските води биле испуштени како непречистени во […]

Владата го раскина договорот со турскиот концесионер за експлоатација на арсенот во Лојане

април 1, 2022

Владата на РСМ на седницата одржана на 8 март ја донела одлуката за едностран раскин на договорот со турската компанија „Калтун Мадденџилик“ за концесијата за експлоатација на арсенот и другите минерални суровини од поранешниот рудник „Лојане“. Владината одлука е објавена во Службен весник на 15 март, а во одлуката се наведува дека влегува на сила […]

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

февруари 15, 2022

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија. Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот […]

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

февруари 12, 2022

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени […]

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

јануари 29, 2022

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е […]

За труењето со арсенот во Кумановско институциите „перат“ раце и си ја префрлаат одговорноста

јануари 2, 2022

Илјадници граѓани од општините Липково и Куманово се трујат со арсен и други опасни материи расфрлани на две локации во Табановце и Лојане, а надлежните институции си ја префрлаат одговорноста за преземање на активности, со коишто барем ќе се заштитат најмладите и неинформираните за опасноста што го демне секој што ќе дојде во допир со […]

Во август ќе започне изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје [инфографик]

декември 11, 2021

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе започне да се гради догодина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека проектот се наоѓа во тендерска фаза. Капиталниот објект за главниот град ќе треба да се гради покрај реката Вардар во местото Трубарево, а за неговата изградба се обезбедени 136 милиони […]

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

декември 9, 2021

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и […]

Страна 1 од 2