недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: статистика | 345 резултати

Инфлацијата на крајот на 2023 година заокружена на 9,4 отсто

9 јануари 2024

Инфлацијата, односно индексот на трошоците на живот во Македонија во 2023 година, во однос на 2022 година, забележала пораст од 9,4 отсто, додека индексот на цените на мало изнесувал 7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За период од една година, пораст на индексите на трошоците за живот е забележан во групите: Мебел, […]

Просечната нето-плата во октомври се искачила на 38.843 денари

22 декември 2023

Просечната нето-плата во октомври 2023 година се зголемила за 17,3 отсто во споредба со истиот месец лани и изнесувала 38.843 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26,2%), Снабдување со вода; […]

Над 3 милиони патници годинава превезени од македонските аеродроми

19 декември 2023

Преку 3 милиони патници се превезени од Меѓународниот аеродром Скопје и од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле во Охрид од почетокот на годината до денеска. Ова е нова рекордна бројка на превезени патници од домашните аеродроми, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија […]

Македонија до 2070 година ќе биде тажна држава со старо население

15 декември 2023

Зголемени миграциски движења, низок ферилитет и напреднат процес на стареење на населението. Вакви се прогнозите во најновата, обемна, публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС), во која се направени проекции за бројот на населението во државава, според неколку различни сценарија. Во публикацијата се даваат загрижувачки податоци во однос на иднината на државата кога станува збор […]

Цените на храната не го ништат профитот на прехранбената индустрија [инфографик]

18 ноември 2023

Холандски кашкавал во супермаркетите е поевтин од домашниот, исто како што увозното пиво е поевтино од македонските. Граѓаните кои секојдневно купуваат храна се прашуваат како е ова можно, а апсурдната ситуација продолжува и откако владата утврди „гарантирана цена“ за дел од прехранбените производи до крајот на 2023 година. Податоците кои ги анализираше Мета.мк покажуваат дека […]

АНАЛИЗА: Цените на млечните производи и на маслото со најголем пад на светскиот пазар – дома инфлацијата преполовена

14 ноември 2023

Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, кој на годишно ниво е најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5 отсто и е една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, […]

Младите киснат на социјални мрежи, а 10 отсто од домаќинствата немаат интернет

10 ноември 2023

И во 2023 година, 10,5 отсто од македонските домаќинства немаат пристап до интернет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Процентот на домаќинства кои имаат пристап до интернет изнесува 88 проценти и е најголем досега, споредено со претходните години. Најголемиот јаз во користењето на интернетот постои кај различните возрасни групи. И додека не постои […]

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

25 октомври 2023

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји и е блиска со просекот на ЕУ, каде истата година биле […]

МВР за седум години поднела 919 кривични пријави за нелегална сеча на шуми

22 октомври 2023

Министерството за внатрешни работи (МВР) од 2017 година до денес поднело 919 кривични пријави за нелегална сеча на дрва и пустошење на шуми, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во телевизиски прилог на јавниот сервис МТВ. Спасовски информираше дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча […]

Просечната нето-плата во август 2023 зголемена за 14,2 отсто

20 октомври 2023

Просечната нето-плата по вработен во август 2023 година изнесувала 36.390 денари и истата е зголемена за 14,2 отсто во однос на август 2022 година, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21,6 отсто), […]

Државата од даноци големи пари добива, а малку вложува во животната средина [инфографик]

15 октомври 2023

Институциите собираат даноци за животната средина, кои пак државата и општините премалку ги реинвестираат во заштита на водите, почвата, воздухот, шумите и во управувањето со отпадот. Во земјава во 2021 година биле платени даноци за животна средина во висина од 14.273,4 милиони денари или над 231,7 милиони евра, што е за 13,7 отсто повеќе во […]

За една недела 140 позитивни случаи на ковид, 13 лица се хоспитализирани на Инфективна

9 октомври 2023

Во период од една недела, од вкупно направени 635 тестови, 140 се позитивни на ковид-19, информира за Мета.мк директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тој информира дека во моментов заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден […]

Аерозагадувањето нема да го снема со 50.000 нови автомобили, колку што Скопје добило деценијава [инфографик]

22 септември 2023

Европската недела на мобилност завршува денеска, а во изминативе денови низ македонските општини се одржаа бројни настани со возење на велосипеди и изјави на функционерите со поуки за користење на алтернативен превоз. Но, во реалноста, официјалните бројки говорат за пораст на бројот на возила во земјава, во услови и кога весникот Гардијан деновиве известуваше за […]

Просечната нето-плата во јули се искачила на 36.286 денари

21 септември 2023

Зголемување од 14,1 отсто на просечната нето-плата регистрирал Државниот завод за статистика во текот на јули 2023 година. Исплатената нето-плата во седмиот месец изнесувала 36.286 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 […]

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

14 септември 2023

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот […]

РЕПОРТАЖА: Трите првачиња од Мустафино ќе ги учи наставничка која патува 160 километри на ден

1 септември 2023

„Време е за училиште, ѕвончето нас нè вика, сите во училница“. Стиховите од оваа песничка, ги пееја учениците од второ до петто одделение, кои со смислена игра и кореографија, денеска ги пречекаа нивните три нови другарчиња – првачиња во подрачното училиште „Даме Груев“ во село Мустафино, светиниколско. Сега, заедно со првачињата Јоана, Мила и Дарин, […]

Сè помалку се раѓаат бебиња, процентот намален за 9 отсто во споредба со лани [инфографик]

31 август 2023

Природниот прираст во земјава и понатаму е негативен, а видно се намалува и бројот на живородени деца, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Според денешните објавени податоци, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 отсто. Бројот […]

Ја уништуваме природата: Лани пораст на испуштените непречистени отпадни води [инфографик]

2 јули 2023

Пречистителните станици во дел од македонските општини лани не си ја вршеле својата дејност во континуитет. Ова е заклучокот од најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2022 година, кои покажуваат алармантен пораст на отпадните води кои непречистени се вливаат во реките, езерата, подземните води и акумулациите во Македонија. За само една година, […]

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

25 јуни 2023

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето […]

ДЗС: Просечната нето-плата во април зголемена на 36.134 денари

20 јуни 2023

Просечната нето-плата во април 2023 година во земјава изнесувала 36.134 денари и е зголемена за 14,6 отсто во споредба со истиот месец од лани, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 […]

Страна 1 од 18