Младите киснат на социјални мрежи, а 10 отсто од домаќинствата немаат интернет

Најголемиот јаз во користењето на интернетот постои кај различните возрасни групи. И додека не постои млад човек на возраст меѓу 15 и 24 години кој не користи интернет, кај повозрасните лица овој процент е помал

-

И во 2023 година, 10,5 отсто од македонските домаќинства немаат пристап до интернет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Процентот на домаќинства кои имаат пристап до интернет изнесува 88 проценти и е најголем досега, споредено со претходните години.

Најголемиот јаз во користењето на интернетот постои кај различните возрасни групи. И додека не постои млад човек на возраст меѓу 15 и 24 години кој не користи интернет, кај повозрасните лица овој процент е помал. Па така, 72,1 отсто од македонските граѓани меѓу 55 и 74 години годинава користеле интернет.

Токму младите и најмногу го користат интернетот, според статистичките податоци. Имено, дури 96,5 отсто од младите одговориле дека неколку пати дневно користат интернет, а само 44,2 отсто од лицата на возраст од 55 до 74 години ја имаат идентичната навика во текот на денот.

Лицата со ниско образование најмалку користат интернет, па така само 74,3 отсто од нив одговориле дека потврдно. Наспроти ова, дури 95,6 отсто од луѓето со високо образование велат дека користеле интернет во последните три месеци.

Во однос на тоа што прават македонските граѓани на интернет, најновите податоци за 2023 година покажуваат поинакви резултати кај различни возрасни групи.

Најмладите на возраст меѓу 15 и 24 години киснат на социјалните мрежи (87,4 отсто), како и разменуваат пораки преки Скајп, Вотсап, Месинџер и Вибер (86,5 отсто). Исто така, младите интернетот многу го користат за телефонирање и за видео повици (84,8 отсто). Голем процент од младите (70,5 отсто) интернетот го користат и за пронаоѓање информации за производи и услуги.

Највозрасната популација, односно лицата меѓу 55 и 74 години, за многу помалку работи го користат интернетот. Па така, огромни 86,7 отсто преку интернет телефонираат или имаат видео повици. Многу помалку од младите го користат интернетот за учество на социјалните мрежи (62,8 отсто) и за испраќање и примање на инстант пораки (62,1 отсто). Мнозински дел од постарите лица во земјава (59,3 отсто) го користат интернетот за барање информации поврзани со здравјето.

Извештајот „Користење на информатичко-комуникациски технологии
во домаќинствата и кај поединците, 2023“ на ДЗС покажува дека 53,5 отсто од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.

Македонските граѓани најмногу нарачувале производи и услуги од продавачи од земјава (87,8 отсто). Притоа, онлајн најмногу се купувале облека, спортска облека, чанти, накит и други додатоци (72,1 отсто), покажуваат податоците на ДЗС.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...